8 славни личности кои ни покажаа дека нема ништо поубаво од мајчинското тело
Стрии, па дури и лузни – промените на телото што доаѓаат со породувањето може драстично да ја намалат самодовербата на мајката. И со социјалните медиуми кои секогаш промовираат совршена слика на телото, тоа може да биде уште полошо. За среќа, повеќе славни мајки гордо ги покажуваат овие промени на целиот свет.
Така, уништувајќи ги стереотипите и поддржувајќи ги другите мајки во нивните постпартални патувања, овие славни мајки сакаат сите жени да ја прифатат идејата да се сакаат себеси во секоја фаза од животот, а моќната порака ја испраќаат токму преку нивните лични фотографии:
1. Искра Лоренс
2020 година беше многу среќна година за британската манекенка бидејќи таа на сведт го донесе своето прво дете! Искра постојано споделува со своите следбеници дека тоа што станала мајка ја променило на многу начини, психички и физички. Потребно е многу време да се грижи за своето тело и притоа открива дека остава време за опоравување, но се подразбира сега нејзиното дете е нејзин најголем приоритет.
2. Ејми Кинг
Американската поетеса го сака своето ново тело повеќе од кога било: „Моето тело не е совршено како од списание, но ова сум јас. Кога ќе погледнам во огледало, гледам вистинска мајка. И нема поголема чест, љубов или благослов! “ – вели Ејми. Таа ги охрабрува другите мајки да ги ценат промените во нивните тела, бидејќи тие помогнаа да се создаде нов живот.
3. Катрина Скот
Катрина беше овластен личен тренер и автор кој имаше совршено затегнато тело пред да забремени. Сепак, тоа стана уште поубава по породувањето. 6 дена по породувањето, Катргина гордо ги покажа своите фотографии, велејќи: „Јас сум многу погорда на телото од десната страна. Се борев повеќе за тоа! “
4. Беках Мартинез
Ѕвездатат гледа на работите позитивно и им дава совети на другите мајки како да го преживеат постпарталниот период. „Јадете многу. Плачте многу. Избегнувајте ги мајките-блогерки кои изгледаат подготвени за Оскарите, 3 часа по породувањето. Спијте секогаш кога можете. Мирисајте ја главата на вашето бебе. Бањајте се.“- вели таа.
5. Дезири Хартсок
Дезири ги сподели своите фотографии 4 дена по породувањето. Се чувствуваше како супермодел и воин и беше многу горда на себе. „Апсолутно е чудо што можат да направат нашите тела за да носат и да родат бебе и јас секогаш сум толку фасцинирана од чистата мудрост и природата на сето тоа“ – вели таа. Иако сега е зафатена со нејзиното дете, открива дека не заборава да се грижи за своето тело.
6. Кејт Хадсон
41-годишната Кејт го роди своето трето дете кога имаше 39 години. Таа е многу отворена во врска со своите борби и раскажува дека најпредизвикувачко е да се најде совршена рамнотежа помеѓу нејзините деца и нејзиното лично време. На нејзиниот Инстаграм го споделува своето патување како се враќа во форма. И мора да кажеме, нејзините резултати се импресивни!
7. Надија Есекс
Откако го роди своето прво дете, Надија не се двоумеше да му ги покаже на светот промените во нејзиното тело. Закрепнувањето не е толку лесно, но таа не се предава и вложува многу напор во тоа.
8. Бри Бела
Пензионираниот професионален борач неодамна стана мајка по втор пат. Таа ги потсетува другите мајки за тоа колку е важно да се грижат за себе по породувањето. Таа сака да биде отворена во врска со овој процес и споделува фотографии од своето патување за закрепнување.