Стриите најчесто се поврзуваат со бременоста, но тие всушност можат да се развијат во различни ситуации како што се брзо зголемување на телесната тежина или губење на тежината, или ако едно лице доживее хормонална нерамнотежа или одредени болести. Овие знаци најверојатно нема да исчезнат целосно сами. Сепак, постојат некои природни начини да ги отстраните побрзо.

1. Пијте многу вода

Ако пиете доволно вода, кожата останува мека и еластична. Водата ја одржува вашата кожа навлажнета, додека сувата кожа има тенденција да биде повеќе склона кон појава на стрии, лузни и брчки. Истражувањата покажуваат дека е важно да пиете околу 8-9 чаши вода дневно.

2. Нанесете сок од лимон

Витаминот Ц, кој се наоѓа во лимони, го поттикнува развојот на колаген, со што вашата кожа станува поластична. Втријте сок од лимон за областите на вашата кожа погодени од стрии и оставете околу 10 минути. Потоа измијте со топла вода.

3. Користете алое вера

Алое вера е природен исцелител на кожата. Тоа е едно од најмоќните растенија што Земјата ни ги нуди. Втријте алое вера гел и оставете го да постои 10-15 минути, потоа измијте со топла вода.

4. Втријте рицинусово масло

Рицинусово масло е богато со рицинолеинска киселина која помага да се залечат стриите. Масирајте го местото каде што имате стрии со рицинусово масло. За подобар ефект затоплете ја кожата со толо шише или облога пред да почнете да го масирате местото.

5. Нанесете кокосово масло

Кокосовото масло е познато по своите лековити својства. Богато со лауринска киселина која помага да се поправи оштетената кожа. Секој ден масирајте го местото каде што имате стии и оставете кокосовото масло да се впие во кожата.

6. Консумирајте витамин А

Витаминот А ги лекува ранните стрии и ја прави кожата понежна и помлада. Витаминот А може да се конзумира како додаток во исхрана, а исто така е присутен и во зелено и жолто овошје и зеленчук, моркови, јајца, риба, млечни производи и црн дроб.

7. Ексфолирајте со шеќер

Се меша 1/2 чаша шеќер со вода додека не добиете смеса како паста. Распространете ја смесата на површината каде што се наоѓаат стриите со масажа. Оставете да отстои 2-3 минути. Најдобро е да ја повторувате оваа постапка 2-3 пати неделно.

8. Белки од јајце

Белките содржат протеини кои ѝ помагаат на кожата да се регенерира. Колагенот, кој исто така е присутен и во белките од јајца, ќе и помогне на вашата кожа да стане поластична. Изматете ги белките, нанесете ги на стиите и оставете ги да се исушат. Измијте со топла вода.