8 стручни совети како лесно да се справите со непцата кои крварат
Околу 600 милиони луѓе во текот на животот доживуваат некаков проблем со непцата. Но, добра вест е дека повеќето од нив можат да се излечат во домашни услови.
Крвавењето на непцата е првиот знак на заболувања на непцата како гингивитис и потежок периодонтитис.
Во продолжение, прочитајте како лесно, во домашни услови, да се справите с
1. Користете газа
Исто како и со секое крварење, држењето парче газа притисната на засегнатата област, ќе го запре крварњерто. Но, доколку крвавењето на непцата е проблем со кој често се соочувате, тогаш неопходно е да посетите стоматолог.
2. Користете ладна облога за да го намалите отокот и топла облога за олеснување на болката
Поставете и држете ладна облога, па дури и коцка мраз врз отечени непцата што крварат за веднаш да го сопрете крварењето. Држете го мразот врз истите, додека крварењето не престане, но доколку крвта продолжува да тече дури и по 10 минути од нанесување на облогата или мразот, тогаш размислете за посета на стоматолог.
Подоцна можете да употребите топла облога, за да се ослободите од болката. Но, користете ја истата само откако ќе се снема воспалението.
3. Користете солена вода за плакнење на устата
Додадете 1 кафена лажица морска сол во чаша млака вода. Промешајте за да ја растворите солта. Земете голтка од растворот во устата и оставете да отстои околу 30 секунди, а потоа исплукајте ја. Повторете 4-5 пати. Практикувајте го третманот двапати на ден, еднаш наутро и еднаш пред спиење. Солената вода го намалува отокот на непцата и помага при запирање на крварењето на истите. Исто така, создава привремена висока алкална средина во устата и со тоа им отежнува опстанокот на бактериите.
4. Користете течност за плакнење на уста, која не содржи алкохол
Користењето на течност за плакнење на устата е одличен начин да се елиминира воспалението кое предизвикува крварење на непцата и ги елиминира бактериите од устата.
5. Користете ќесички од чај
Ставете ќесичка чај во врела вода. По 2 минути, извадете го и оставете да се излади. Сега нанесете ја кесата со чај на болната област на непцата. Оставете ја да отстои 5 минути. Чајот содржи танинска киселина која може да помогне во ублажување и отстранување на инфекции на непцата.
6. Консумирајте крцкав зеленчук
Консумирањето крцкав зеленчук, како целер и моркови, меѓу оброците помага со отстранување на остатоци од храна од забите и со тоа го спречува заболувањето на непцата. Исто така, помага при создавање плунка што дополнително ја чисти устата. А бидејќи содржат мали количини шеќер и јаглехидрати, тие не придонесуваат за расипување на забите.
7. Консумирајте повеќе лиснат зеленчук
Недостаток на витамин К може да придонесе за потешко згрутучување вашата крв. Ова може да биде причината зошто вашите крварење на непцата трае подолго од вообичаеното време и им треба долго време да престанат да крварат. Зелениот лиснат зеленчук како спанаќ и зелена салата се одличен извор на витамин К. Вклучувањето на нив во вашето дневно мени ќе ви помогне да го решите овој непријатен проблем.
8. Нанесете мед
Исплакнете ја устата со млака вода и користете мед за да ги масирате непцата 10 минути секое утро. Медот има природни антибактериски и антисептички својства заради супстанција наречена прополис. Но, запомнете да нанесувате мед само на непцата, а не на забите, особено ако имате шуплини бидејќи тоа може да предизвика болка.