8 трикови што ќе им помогнат на жените веднаш да ги решат најнепријатните секојдневни ситуации
Видливите линии на гаќичките, неуредна коса и лизгавите чевли можат да ги претворат најдобрите моменти во најсрамните. Добрата вест е дека можеме да ги избегнеме овие незгодни моменти со примена на некои трикови што можат веднаш да ја поправат ситуацијата.
Денес ви откриваме неколку трикови што можат да ви помогнат да ги избегнете најнепријатните ситуации:
1. Рабови на долната облека што нема да ви пречат
Толку е разочарувачки кога ќе ги облечете омилените фустани, здолништа или панталони само за да сфатите дека имате видливи линии од долната облека на задниот дел. И доколку вие ги гледате, шансите се дека и другите луѓе исто така ќе ги видат.
Наместо тоа, инвестирајте во висококвалитетна долна облека, која ќе биде вашиот најдобриот пријател, особено кога носите деликатни ткаенини. Исто така може да употребите хулахопки за додатно обликување на вашата фигура.
2. Претворете ја валканата коса во жешка фризура
Валканата, неуредна коса може да биде предизвикана од било што, без разлика дали е ветровит ден или фактот дека едноставно тој ден сте го прескокнале нејзиното миење. Но, што се случува кога треба да изгледате прекрасно, но немате време за туш?
Лесно направете си гламурозен изглед! Со четка, наместете ја целата коса назад користејќи гел и ќе изгледате како славна личност во секој момент.
3. Чевлите што ви се лизгаат веќе нема да ви го уништат моментот
Доколку одите на забава или имате романтичен состанок, дефинитивно ќе носите убави чевли. Но, понекогаш чевлите со убав изглед се неверојатно непријатни, особено ако се нови. Тие може да бидат многу лизгави и шансите да паднете се огромни.
За да го решите овој проблем, користете топло лепило, притоа нанесувајќи од истото на дел од ѓонот под чевлите.
4. Кажете им збогум на лепливите пазуви
Користете лимон за да се ослободите од лепливите пазуви со непријатен мирис. Тоа е стар лек кој ефикасно ги убива бактериите. Земете свеж лимон, исечете го и истријте ја кожата со него. Потоа, истуширајте се или измијте ги ппазувите откако ќе оставите сокот да се исуши на вашата кожа. Практикувајте го третманот еднаш неделно.
5. Нема повеќе миризливи чевли!
Не е убаво кога ги соблекувате чевлите и истите да мирисаат како да сте трчале една недела без да застанувате. Едноставно ставете сода бикарбона во чевлите пред да одите некаде за да ги апсорбира сите мириси и потта.
6. Користете дезодоранс за вашата Т-зона
Кога е топло и влажно, вашата шминка честопати се чувствува како да ќе „исплива“ од вашето лице. Некои блогери сугерираат користење дезодоранси како решение за овој проблем. Да, дезодоранси.
Но, бидете сигурни дека производот е направен со природни состојки за да не им се наштети вашето лице и кожата.
7. Заборавете на „лепливите здолништа“ со помош на спреј за коса или дезодоранс
Може да изгледате и да се чувствувате прекрасно, но откако ќе прошетате неколку чекори, здолништето може да почне да се лепи до нозете. За жал, статичката електрична енергија е главниот виновник.
Во случај да немате специјален производ при рака, нанесете малку спреј за коса или дезодоранс на облеката пред да излезете.
8. Кажете им збогум на мозолчињата!
Чувството на соочување со мозолче на лицето може да биде навистина непријатно. Но, дали знаевте дека појавата на мозолчињата може да ја предизвикувате со сушење т.е бришење на лицето со пешкир? Доколку го правите ова, тогаш секогаш изберете чиста крпа, бидејќи валканите крпи може да бидат извор за бактерии.
Истовремено, едноставно оставете го лицето да се исуши само од себе.