8 утрински истегнувања за 8 минути со кои денот ќе го започнете во ново тело
Истражувањата покажале дека редовните истегнувања не само што ја зголемуваат флексибилноста на мускулите, туку и го ослободуваат телото од стегнатост, ја подобруваат циркулацијата на крвта и се еден вид превенција за можните повреди во текот на денот. Во прилог погледнете неколку истегнувања кои ќе ви одземат 8 минути наутро, а ќе ве направат да се чувствувате како нови.
1. Наведнати кон ѕидот
Оддалечете се малку од ѕидот, раширете ги нозете и потоа наведнете се кон него. Во оваа положба држете го телото 60 секунди.
2. Извртена положба
Клекнете на колена, притоа спојувајќи ги стапалата и наведнете се напред, а потоа со придржувајќи се со рацете, свртете го торзото кон едната страна. Во оваа положба останете 30 секунди.
3. Истегнување на вратот
Седнете на подот и опуштете се. Истегнете ја вашата десна рака, со исправена дланка. Наведнете ја главата кон левата страна и ставете ја вашата лева рака на главата и нежно притиснете ја надолу. Останете така 30 секунди.
4. Мост
Повторно клекнете на колена, во исправена положба, а потоа наведнете се кон назад и со рацете фатете ги стапалата, за што подобро истегнување. Држете ја оваа положба 60 секунди.
5. Легнати на страна
Легнете на која страна повеќе ви одговара, со тоа што со едната рака потпрете си ја главата, а со другата рака, од назад фатете ја едната нога. Држете 30 секунди и повторете.
6. Полумесечина
Виснете исправено и раширете ги нозете. Потоа наведнете се кон напред и како на сликата, потпрете ја едната рака на подот. Потоа, во исто време кренете ја другата рака паралелно во воздух, а воедно и спротивната нога. Останете во оваа положба 30 секунди, а потоа сменете ја позицијата обратно.
7. Орел положба
Седнете на под и прекрстете ги нозете и превиткајте ги рацете. Останете во оваа положба 30 секунди, а потоа сменете ја другата нога да биде одозгора, како и другата рака.
8. Тријаголник
Наведнати надолу и со раширени раце и нозе, потпрете се на подот. А потоа исправете ја едната рака паралелно, во воздух, како на сликата. Држете така 30 секунди, па вратете се во првобитната положба. Повторете со другата рака.