8 вежби кои ќе ја подобрат циркулацијата на лицето и ќе ви дадат подобар изглед
Кога станува збор за вежбањето, се фокусираме на телото, а често го забораваме лицето. Тоа, како и самите образи мора да останат во форма. Иако генетиката има клучно влијание, сепак можеме и на едноставен начин да го подобриме неговиот изглед.
Следните 8 вежби, не само што ќе ви дадат подобрен изглед, туку и најважно од сè, ќе ја зголемат и подобрат циркулацијата на фацијалната површина, што пак, ќе придонсе до спречување на предвременото стареење
1. Паткино лице
Започнете со раздвижување на централните мускули на образите. Испакнете ги усните и со нејзино отворање и затворање, движете ја устата. Усните треба добро да бидат испакнати кон надвор, за да мускулите се активираат.
Повторете: 15 пати
2. Полууплашено лице
Како што самото име кажува, замислете нешто од што ви е страв или пак одвратно. Придвижете го едниот крај од усните кон назад, активирајќи и зацврстувајќи ги мускулите во вратот. Ќе забележите дека ја правите вежбата правилно, по линиите на вратот.
Повторете: 15 пати
3. Рибино лице
Секој знае како да го направи овој смешен израз. Соберете ги образите и испакнете ги усните. Потоа, наведнете ја главата кон назад и замислувајте дека се обидувате да се земете нешто од таванот, со помош на вашата брада, за додатно протегнување на вратот и брадата.
Времетраење: Задржувајте по 10 секунди, 15 пати
4. Скулптор на образи
Високо поставените образи ќе му дадат подобрар изглед на целото лице. Отворете ја устата со овална насмевка, ставајќи ја горната усна врз горните заби. Поставете ги прстите на образите и притиснете ги, при што ќе ги кренете нагоре.
Времетраење: Задржете 30 секунди
5. Затворени очи
Верувале или не, само затворањето на очите, може да придонесе кон согорување на мастите во вашите образи. Затоа, затворете ги очите, најсилно што можете и кренете го долниот дел од лицето, благо свиткувајќи го, за да ги притиснете и активирате сите мускули.
Времетраење: Задржете 3 секунди, 15 пати
6. Кревање на брадата
Ова се стомачни за образите. Кренете ја долната усна кон горната и на при секое кревање, кренете ја нагоре брадата највисоко што можете.
Повторете: 15 пати
7. Странични бакнежи
Замислете дека се поздравувате со вашите пријатели. Испакнете ги усните најмногу што можете и придвижете ги од лево кон десно. Движењето треба да се повторува и за двете страни подеднакво.
Времетраење: 15 пати
8. Спуштена вилица
Ова не само што е одличен начин на протегнување, туку е и супер за согорување на наталожените масти во вратот. Придвижете го јазикот кон долните заби и отворете т.е спуштете ја вилицата најмногу што можете.
Повторете: 15 пати
Бонус: Вежба со јазикот
И јазикот може да има лоша поставеност и држење, исто како и телото. Неговата погрешна положба влијае врз изгледот на лицето, така на пр, ни дава изглед на дупла брада и здебелено лице. Потребно е кога ќе одмарате, вашиот јазик да одмара во правилна положба во однос на забите. Забите треба благо да се допираат, а јазикот да одмара поставено долу, наспроти горниот дел од усната празнина.