8 видови на храна кои може да ви помогнат во борбата против мигрена, без многу напор
Мигрената е како непосакуван гостин кој доаѓа ненајавено и од кој е тешко да се ослободите. Доколу често страдате од главоболки, тогаш веројатно знаете колку тешко тоа може да биде.
Секако, можете да земете апчиња или да вежбате за да се обидете да ја излечите болката, но овие лекови се со привремен ефект, што значи секогаш постои главоболката да се врати.
Еве уште нешто што можете да направите – променете го вашето дневно мени. Иако постојат некои видови на храна што предизвикуваат мигрена, постојат и видови кои можат да ви помогнат ефикасно да се изборите против истата, без многу напор.
Денес ви откриваме кои 8 видови на храна ќе ви помогнат да се ослободите од здодевната мигрена:
1. Aвокадо
Во случај да ви требаат повеќе причини за да го сакате ова прекрасно овошје, тогаш имајте на ум дека авокадото ефикасно се бори и против мигрена. Богато со антиоксиданти како лутеин и зеаксантин, авокадото не само што може да ја отстрани тешката главоболка, консумирањето на нив исто така да ја спречи нивната појава во иднина.
2. Смокви
Смоквите се одлични за нашето здравје и организам, но тие исто така треба да ви бидат при рака кога се занимаваат со мигрена. Според експертите, ова овошје содржи калиум што помага во намалување на воспалението и спречувањето на главоболките.
3. Лосос
Полн со омега-3 масни киселини и витамин Б-2, консумирањето на лосос го спречува згрутчувањето на тромбоцитите, процес кој е одговорен за честите главоболки. Исто така, го намалува воспалението и ви помага да се борите против мигрената во целост.
4. Сладок компир
Слатките компири не се само вкусени, но исто така ви помагаат да се борите против мигрена. Богати со витамин Ц, витамин Б1 и калиум, консумирањето слатки компири кога се соочувте со главоболка, ќе ја намали истата и ќе ве смири.
5. Лубеница и моркови
Бидејќи пиењето вода помага во ублажување на главоболките, консумирањето храна како лубеници, моркови, краставица и целер може биде исто така од голема помош. Дехидрирањето е една од водечките причини за главоболки, не заборавајте да го контролирате нивото на водата.
6. Киноа и кељ
Покрај сите други здравствени придобивки, зеленчуците како киноа и кељ помагаат во спречувањето на мигрена. Киноата содржи рибофлавин, магнезиум и железо, и ја спречува појавата на мигрена, додека кељот содржи омега-3 и растителни влакна, што исто така е одличен лек против главоболки.
7. Јогурт
Според истражувањата, рибофлавин, дел од витамин Б, е најефикасен против мигрена, токму јогуртот е богат со овој елемент. Додадете јогурт во вашето дневно мени, доколку често страдате од напади на мигрена и уживајте во позитивните резултати.
8. Сок од лимон
Содржи голема количина на витамин Ц и притоа, сокот од лимон е познат по неговите здравствени придобивки, а ефикасната борба против мигрена е една од нив. Секогаш кога се соочувате со тешка главоболка, едноставно измешајте малку сок од лимон во чаша вода, додајте 2 лажички сол и консумирајте го чудесниот напиток. Тоа ќе го намали воспалението и ќе ве натера да се чувствувате подобро за многу кратко време.
Бонус – Паста од цимет
Земете неколку стапчиња цимет и сомелете ги во прав. Потоа, додадете малку вода во истиот, претворајќи го циметот во густа паста. Нанесете ја оваа паста на клучните точки и на челото во моменти секогаш кога имате напад на мигрена. Овој природен домашен лек ефикасно се бори против мигрена и ја смирува болката. Измијте ја пастата после 25-30 минути.