8 збунувачки модни трендови од викторијанската ера, со кои истата може да ја освои титулата за најчуден период
Од исклучително тесни корсети до отровни фустани, многу чудни работи можеле да се сретнат во Викторијанската ера, односно бизарниот период на војни, епидемии и строги социјални норми.
Токму овие работи влијаеле и врз обликувањето на модата, а во продолжение погледнете ги 8-те најчудни модни трендови од тоа време:
1. Користеле смртоносен пигмент што содржел арсен за бојадисување на ткаенини
Мешавината позната како „зелен Париз“ ја користеле како пигмент за производство на боја за ѕидови. Викторијанците знаеле дека многу луѓе кои работеле со арсен умреле, но, поради некоја причина, им требало долго време за да го откријат ова.
2. Ги украсувале фустаните со инсекти
Во одреден период од оваа ера, се појавил моден тренд каде што креаторите ги украсувале облеките со крилја на бубачки. Крилјата биле лесни за собирање и уредување, без да се оштетат.
Енергичната боја на крилјата која привлекувала големо внимание, ги инспирирала тогашните дизјанери да ги користат како уникатни детали за декорирање на фустаните.
3. Модни додатоци изработени од коса
Овој вид на моден додаток вообичаено го носеле луѓе кои тагувале за смртта на некој роднина. Но, набрзо сите започнале да ги носат, за секоја пригода. Се изработувале нараквици, чанти и слично, направени од плетенки од човечка коса.
4. Препарирани птици на шапките
Ова е можеби најужасниот тренд, а се состои во поставување на препарирани птици украсени со многу перудви, на врвот на шапките.. Побарувачката за ваков вид украси се зголемил толку многу што популацијата на птици започнала да опаѓа. За среќа, трендот не траел долги години, затоа што беше прекинат од здруженијата за заштита на животните.
5. Корсети толку тесни што ја промениле анатомијата на жените
Иако тие не предизвикаа смртни случаи или онесвестување, како што претходно се веруваше, корсетите сепак имале екстремен ефект. Корсетите биле затегнати до таков степен што го ограничувале дишењето на жената и предизвикувале атрофија на мускулите. Дополнително, ја менувале формата на коските на граднуиот кош и распоредот на органите.
6. Широки здолништа што предизвикуваа хаос околу нив
По типичните фустани кои имаа тенка силуета, како оние од филмовите на Џејн Остин, набрзо започнал тренд на широки здолништа. Истите наликувале на еден вид на „кафез“ направен од прстени од челик поврзан со јаже, кој му дава облик и широк волумен на фустанот.
Дизанот им овозможи на жените поголема мобилност, но само околу нозете и само во теорија, затоа што здолништата станаа толку претерано широки што, во некои случаи, минувањето низ врата или обидот да влезат во превоз предизвикувал нивно заглавување.
7. Долна облека со дупки
Долната облека се користи за да се заштити еден од најнежните делови на нашето тело, така што се чини дека овие гаќички, кои само ги изложуваат нашите интимни области, воопшто не ја постигнуваат својата цел.
Но, луѓето во Викторијанската ера размислувале многу поинаку. Ритуалот на облекување на жената траел долго. Дамите носеле слоеви и слоеви на здолништа, па пронашле едноставен начин како брзо да отидат во тоалет.
8. Сите деца носеле фустани до 4-годишна возраст, без оглед дали биле момчиња или девојчиња
Од раѓање до училишна возраст, околу 4 години, децата носеле фустани со чипка. Колку повеќе чипка и волумен имала облеката, толку побогато семејството било семејството. Обичај било да се покажува богатството преку облеката на децата. Без оглед дали биле момчиња или девојчиња, сите деца носеле фустани, што денес нам ни изгледа чудно.