81-годишна бабичка, без претходно ликовно образование, создава уникатна везена уметност
Инспиративната и креативна бабичка веќе има 9.000 следачи на социјалната мрежа Инстаграм.
81-годишната Јулија Алешичева доаѓа од Санкт Петербург, а профилот на Инстаграм го направил нејзиниот внук Јан Горкунов, кој е воодушевен од талентот на неговата баба.
Јулија немала никакво претходно ликовно образование, а везењето го научила од својата баба. Нејзините креации се вистински ремек-дела, а еве како изгледаат: