Најубавите црни плажи: незаборавни места кои вреди да ги посетите барем еднаш во животот
Најубавите црни плажи: незаборавни места кои вреди да ги посетите барем еднаш во животот
Долгите бели песочни плажи и тиркизното море за многумина се концепт на идеално место за одмор. Но, постојат и некои повеќе мистични алтернативи кои привлекуваат голем број патници.
Црните плажи се исто толку привлечни, и не толку ретки како што може да изгледаат на прв поглед. Тие се јавуваат на места кои некогаш имале силна вулканска активност или се во близина на уште активни вулкани.
Црниот песок обично е резултат на истурање лава во морето, ладење и распаѓање, а исто така може да биде резултат на глацијална активност како што е случајот на плажата Јокулсарлан на Исланд.
Црни плажи има насекаде, од островот Стромболи во Тиренското Море до далечната Јапонија. Погледнете ја нашата галерија со фотографии и уживајте во незаборавниот поглед на црните плажи.