Mесецот на раѓање може да влијае на вашето здравје и карактер, според науката
Луѓето кои се родени во Мај се склони да бидат оптимисти, додека родените во Ноември имаат тенденција да го гледаат светот спротивно. Една студија вели дека сезоната и месецот на раѓање може да влијаат на вашиот карактер и способност за решавање на проблеми. Податоците, собрани од 1,7 милиони луѓе, сугерираат дека и вашето здравје зависи од месецот на раѓање.
Ние бевме зачудени од наодите и тие беа прилично точни, па затоа решивме да ги споделиме резултатите со сите вас.
Јануари
Ако сте родени во Јануари, вие сте многу повеќе од само ладна зима, вие сте родени во првиот месец од новата година, што означува многу различни можности. Всушност, луѓето родени во Јануари имаат тенденција да се занимаваат со медицина или да станат спортисти.
Вашето здравје има тенденција да биде подобро од просекот и веројатно сте заштитени од повеќето проблеми. Емоционалното здравје пак може да биде нарушено: шизофренијата и биполарното растројство се чести кај родените во Јануари.
Февруари
Бебињата родени во Февруари имаат тенденција да бидат посреќни во својот живот и кариера. Исто така, големи се шансите дека сте биле родени предвреме. Февруари е исто така месец на креативност и можеби следите кариерен пат како уметник.
Кога станува збор за здравјето, вие сте прилично заштитени од болести. Плус, можеби имате одредена заштита од невролошки, респираторни болести.
Март
Март е месецот кога го поздравуваме сонцето и ако сте родени во овој месец, тогаш најверојатно ја барате сончевата страна на животот. Исто така, повеќето луѓе кои се родени на пролет може да бидат изложени на хипертимија, што значи дека тие се секогаш добро расположени и позитивни.
Кога станува збор за здравјето, родените во Март можеби ќе треба да внимаваат на нивниот кардиоваскуларен систем.
Април
Исто како и за луѓето родени во Март, оние родени во Април имаат тенденција да бидат многу попозитивни во споредба со луѓето родени во зима, лето и есен.
Имате многу добра заштита од здравствени проблеми (но сепак мора да се грижите за вашиот кардиоваскуларен систем).
Мај
Ако сте родени во Мај, можеби ќе сметате дека сте најсреќни, како што прават повеќето луѓе родени во овој месец. Родени сте да бидете оптимист.
Родените во Мај обично не се склони на кон ризични болести. Сепак, според студиите, иако се оптимисти, тие исто така се склони кон депресија.
Јуни
Сите позитивни вибрации што ги имаат родените во Март, Април и Мај, ги имаат и оние родени во Јуни. Сепак, тие се повеќе склони кон промени во расположението и можат многу брзо да ја „вклучат и исклучат“ својата среќа.
Здравствено, може да има мали респираторни и кардиоваскуларни ризици, но бебињата родени во Јуни се генерално здрави. Плус може да бидете заштитени од болести на репродуктивниот систем.
Јули
Според една студија, ако сте родени во Јули, можеби ќе имате способност самостојно да го регулирате вашиот емотивен живот и да ја контролирате вашата агресија. Кога станува збор за талентите, повеќето родени во Јули имаат уметничка страна и може да бидат леваци.
Кога станува збор за здравјето, може да бидете зашитени од болести на репродуктивниот систем. Плус, жените родени во Јули може да влезат во пубертет малку подоцна во животот.
Август
Според статистичките податоци, повеќето луѓе во изминативе 16 години се родени во Август. Вие може да имате сјај и да бидете оптимист како луѓето родени во пролет.
Луѓето родени во лето имаат најмали шанси да го добијат биполарно растројство. Ако сте жена, можеби подоцна ќе влезето во пубертет, што исто така значи поздрав живот во зрелоста.
Септември
Луѓето родени на есен генерално не страдаат од депресија. Но, ако сте родени во Септември, може да се најдете себеси како се борите со ова, а најчесто како „излез“ го наоѓате спортот.
Родените во Септември се изложени на умерен ризик од развој на болести, но имаат поголема шанса за астма и имаат одредена заштита од кардиоваскуларни заболувања.
Октомври
Исто како и родените во Септември, родените во Октомври се генерално одлични во спортот. Всушност, додека повеќето луѓе кои се родени на есен се високи, оние родени во средината на Октомври може да бидат уште повисоки.
Ако сте еден од оние кои се родени во Октомври, може да имате зголемена шанса за развој на болест, но може да имате помал ризик од кардиоваскуларни проблеми.
Ноември
Луѓето родени во есен, вклучително и во Ноември, имаат тенденција да бидат хипер фокусирани. Во комбинација со низок ризик од депресија, тоа може да им даде предност во животот кога се стремат кон своите цели. Тие, исто така, имаат тенденција да бидат песимисти.
Луѓето родени во Ноември, во споредба со луѓето родени во други месеци, имаат поголем ризик од болести, особено респираторни.
Декември
Ако сте родени во Декември, можеби сте едни од најретките луѓе во светот, особено ако роденденот ви е на 24-ти или 25-ти во месецот. кога станува збор за расположение, не се нервирате лесно и сте многу постабилни во споредба со луѓето кои се родени во лето.
Ако сте родени во Декември значи дека може да имате поголем ризик од болести, но имате тенденција да водите здрав живот. Всушност, според една студија имате поголеми шанси да живеете над 105 години.