„Кога бев на 3-4 годишна возраст, ме касна пајак. За среќа, малото животно не беше опасно и не стасав до болница, но сигурно не ми беше забавно.

Брзо заборавив на болката, но и ден денес паметам една работа: Мајка ми ми приготви домашен лек, нешто непознато со компири, рецепт кој го научила од својата мајка, мојата баба. Тој чудесен лек веднаш го отстрани убодот и отокот и јас за минута подоцна продолжив да си играм, како ништо да не било.

Можеби ќе ви звучи чудно, но од сопствено искуство можам да ви кажам дека доколку насечете неприготвен компир и го нанесете на убодот, притискајќи го  на кожата, веќе следното утро ќе се разбудите, а убодот ќе биде само обично сеќавање на инсектот.

Поттикната од таа случка, многу подоцна ја открив тајната на мојата баба, која не паметам некогаш да беше болна. Таа целиот свој живот се лечела со домашни лекови, кои ги пронајдов запишани во нејзиниот стар мал дневник и сега решив да ги споделам со вас“:

Извонредни домашни средства- Лек за секој здравствен проблем:

1. Артритис

Потопете суво грозје во џин и оставете да отстои преку ноќ или додека грозјето не го впие целиот алкохол. Потоа консумирајте по 10 плодови секојдневно.

Витамините кои ги содржи грозјето и антивоспалителното својство на плодовите од смреката кои се содржат во џинот, можат да ви помогнат при намалување и ублажувањен на болката од артритисот.

2. Лош здив

Наместо да се трудите да го решите проблемот со лошиот здив со освежителните гуми за жвакање, обидете се нив да ги замените со парче свеж магдонос или целер.

Зеленчукот ќе ги ги исчисти забите и ќе ве ослободи од лошиот здив. Воедно, ќе го забрзаат и метаболизамот.

3. Болка во увото

Исцедете сок од лимон и во истиот потопете парче памук или стапче и внимателно навлажнете го увото од внатре. На овој начин ќе ја регулирате pH-вредноста и ќе ги неутрализирате бактериите.

4. Менопауза

Слаткиот компир ќе придонесе за подобрување на рамнотежата на вашите хормони, поради големото количество на витамин А и антиоксидантите што влегуваат во неговиот состав, што воедно го прават и одличен за намалување и регулирање на лошиот холестерол. Често консумирајте го овој зеленчук.

5. Морска болест и гадење

Состојбата при вртоглавица се влошува, особено кога во устата започнува да се излачува многу повеќе плунка. Во тој случај ќе ви помогне консумирањето на маслинки, поради танинот, кој влегува во нивниот состав.

6. Инфекција на уринарниот тракт

Во чаша вода измешајте малку сода бикарбона. Содата ќе создаде алкална средина во уринарниот тракт, при што ќе им го отежне и попречи размножувањето на бактериите во тој дел од организамот.

7. Подобро и побрзо варење на храната во дигестивниот систем

Дали често чувствувате подуеност на стомакот, по завршувањето на оброците?

Тогаш ова е совршеното решение за вашиот проблем и најдобро од сè, доаѓа во форма на десерт. Станува збор за консумирање на сушени кајсии, кои се богати со калиум и ефикасно ги решаваат дигестините проблеми.

8. Брадавици

Покријте ја брадавицата со изолир трака или леплива лента и на овој начин, ќе го „замолчите“ папова вирусот. Понекогаш, за одредени брадавици, доволно е оваа постапка да ја практикувате само неколку денови.

9. Убод од пајак

Компирите не само што имаат антивоспалително дејство, туку истовремено ќе ја заштитат вашата кожа од сушење и разни иритации.