Ви пренесуваме совети од неколку експерти, кои би било убаво да ги знаете пред да ги засукате ракавите и да тргнете во мисија за разубавување на вашата градина.

1. Запознајте ја својата околина

Не секое растение расте во секоја област, па што ќе посадите зависи од тоа каде живеете. „Разгледајте ги карактеристиките на вашата околина – од климата, до изложеноста на сонце“ – вели Брајан Саливан, заменик претседател на „Gardens, Landscape and Outdoor Collections“ при Њујоршката Ботаничка Градина. Ова е најважната работа од која треба да започнете за да ги разберете границите и можностите кои ги имате. Разговарајте со вработен од некој локален градинарски центар за тоа кои растенија најдобро успеваат кај вас. Така ќе добиете најдобри резултати со минимален труд.

2. Тестирајте ја вашата почва

За да ја откриете киселоста и хранливите состојки на вашата почва треба да испратите примерок во некоја лабораторија. Резултатите ќе ви кажат колку кисела односно алкална е вашата почва, нешто, што влијае на тоа колку добро растенијата ќе ги апсорбираат хранливите состојки од неа. Различни растенија различно апсорбираат на одредени вредности на рН па ова ќе ви помогне во изборот на растенија а и како понатаму да ја третирате почвата.

g101

Проверете ја почвата и со раце. „Треба да е мека и растресита. Ако е премногу тврда или како глина, растенијата нема да пуштат корени. Во таков случај треба да додадете почва и компост“ – вели Анет Гутиерез сопственичка на “Potted” во Лос Анџелес.

3. Започнете со „поедноставни“ растенија

„Одгледувањето на зеленчук е добро за почетна работа во градина. На зеленчукот не му треба многу време за растење, па и ако погрешите, нема да изгубите многу месеци за тоа. Сончогледите се исто така добар избор бидејќи растат и многу високо и брзо. Брзиот успех инспирира и поттикнува да преминете на „покомплицирани“ растенија“ – вели Саливан.

4. Направете план

За да се избегне пренатрупаност, Саливан предлага да се провери по колку израснуваат растенијата и колку простор зафаќаат. Обично, растенијата кои виреат повеќе од 2 години, треба да се на половина метро растојание. Со тоа се овозможува растенијата слободно да растат а и градината изгледа поубаво.

Исто така, треба да се внимава, пониските растенија да се на краевите или во предниот дел од градината, а повисоките во задниот дел. Со ова се спречува поголемите растенија да го блокираат сонцето за помалите.

Flower_garden,_Botanic_Gardens,_Churchtown_2ОК

5. Запишувајте

„Добро е да се запишуваат активностите во градината, а и примери за интересни растенија на кои наидувате, акои можете да ги посадете некоја следна година“ – вели Саливан.

6. Направете календар

… или имајте генерален план за секоја сезона. „Во пролет започнувам со ѓубрење на растенијата и го права тоа на секои 6-8 недели за време на сезоната на растење, која трае се до есен“ – вели Гутиерез. „Во лето е многу жешко за садење, па кога ќе помине големата горештина, садам дрва или големи грмушки, до дека пак во зима , пред првиот мраз ги кастрам грмушките и розите“ – продолжува таа.

7. Внимателно наводнувајте

Според Саливан треба „постојано“ да се додаваат „големи“ количества на вода. Под „постојано“, се мисли на одредени временски интервали, а под „големи“, се мисли доволни количества кои се разликуваат од едно до друго растение. Водата треба добро да навлезе во земјата, а не да се става само малку на површината. На новите растенија им треба повеќе вода бидејќи нивните корени не се доволно развиени. Додавањето на вода е најдобро да се прави наутро, пред да стане премногу жешко, за да можат растенијата вистински да ја впијат водата. Наводнувањето навечер може да предизвика појава на габи или некои други болести.

8. Продолжете со добрата работа

Не мора да се работи секој ден, но навременото одржување е најдобро за вашата градина и дава најдобри резултати. Потребно е плевење, режење, кастрење, косење, работи кои ќе овозможуваат подобро растење и изглед на вашите растенија.

Gardening-Services1

„Ако забележите ограничено растење на растенијата, проверете што се случува со нивните корени со внимателно копање на околната земја“ – вели Саливан – „понекогаш треба внимателно да ги отворите за да можат да се рашират низ земјата“.

9. Бидете трпеливи

„Одржувањето на градина е процес – не се случува во само еден ден – потребно е време. Понекогаш, нестрпливоста ќе ве натера да ставите премногу вода со надеж дека побрзо ќе израснат. Внимавајте на нив постојано, но, освен ако не забележите накаков проблем оставете ги слободно да растат“ – завршува Саливан.