9 лесни правила како да ја разбудите орхидејата и да ја поттикнете да цвета во текот на целата година
Орхидеите се омилените домашни растенија на повеќето, поради нивната чудесна убавина и едноставна елеганција. Но, кога ова растение не цвета, тогаш е сè, но не и украс во домот.
За да на орхидеите им се обезбеди целосно цветање, постојат одредени услови кои треба на истите да им ги обезбедите, а правилната грижа за овие кралски цвеќиња ќе резултира со нив извонреден изглед.
Како да ја поттикнете вашата орхидеја да цвета?
Едноставно следете ги овие 9 правила:
Правило бр.1: Возраста е од големо значење
Во зависност од нивната сорта, орхидеите цветаат на возраст од 1 година и половина до 3 години. Доколку нема цвет, обратете внимание на возраст на вашето растение: Можеби е сè уште младо, за да започне да цвета. Возраста може да ја определите според листовите. Орхидејата која е спремна за цветање има 5-8 листа, додека младите орхидеи имаат помалку од овој број. Доколку орхидејата започне да цвета пред вистинското време, таа многу брзо може да овене, бидејќи младото растение најчесто не може да се опорави по прерано цветање.
Правило бр.2: Грижете се за корените
Корените на орхидејата активно учествуваат во процесот на фотосинтеза и затоа е многу важно на истите да им обезбедите доволно светлина. Тоа може лесно да се направи, доколку орхидејата не е засадена во керамичка саксија, туку во специјална проѕирна, во која има доволно отвори. Тоа ќе им овозможи на корените да растат без никакви проблеми. Воедно, избегнувајте ги саксиите со остри рабови, бидејќи истите може само да ги повредат корените.
Правило бр.3: Не ја поместувајте саксијата
Орхидеите не го сакаат ова. Секоја промена на осветлувањето му предизвикува стрес на растението, кое може да доведе до запирање на неговиот раст. Така, најдобро е да не ја поместувате саксијата со орхидеја, освен доколку тоа навистина не е потребно.
Правило бр.4: Светлината е живот за растението
На орхидеите им е потребно многу светлина, при што се препорачува истите да ги поставите на сончевата страна во вашиот дом. Исто така, потребно е растението да не било изложено на сенка во текот на целото деноноќие. Не секогаш е возможно да се исполнат овие услови, па најдобро е да се користат лампи кои ќе им овозожат на орхидеите доволно светлина, но без да го загреваат и сушат воздухот околу растението.
Правило бр.5: Правило полевање
Полевањето на орхидеите си има свои посебни карактеристики. За да се спречи гниењето на корените, неопходно е истите да ги полевате кога основата целосно ќе се исуши т.е приближно на секои 10-12 дена. Правилното полевање на растението не зависи од неговата возраст и временскиот период во годината, туку запомнете дека еднаш штом орхидејата ќе процвета, потребно е да ја полевате еднаш месечно.
Правило бр.6: Големите температурни падови ги оштетуваат корените на орхидејата
Орхидеите не ги обожаваат драстичните пониски промени во температурата. Тие продолжуваат да цветаат сосема нормално кога разлика меѓу дневната и ноќната температура не изнесува повеќе од 4-6 степени. Во топлата сезона, растението може да стои на балкон, кадешто самата природна ќе му ги овозможи потребни услови. А кога ќе застуди времето, едноставно приближете ја саксијата до радијаторот или вашиот извор на топлина.
Правило бр.7: Изберете го вистинското ѓубриво
За подобар развој и цветање на орхидеите, нив им е потребно соодветно правило ѓубрење. Ѓубривата со фосфор се идеалниот избор за таа цел. Благодарение на нив, цветните пупки се појавуваат побрзо, а при цветањето, цветовите се здрави и јаки.
Ѓубривата кои во себе содржат азотни додатоци не треба да се употребуваат за орхидеите, бидејќи им влијае штетно, со тоа што го запира нивното цветање.
Правило бр.8: Набљудувајте ја влажноста на воздухот
Многу важен елемент при одгледувањео на раскошните орхидеи е влажноста на воздухот. Ова растение не е обожавател на сувиот воздух. Доколку воздухот е сув, растението целосно може да се исуши. Оптималаната влажност на воздухот се препорачува да биде 60%, а за да го постигнете тој степен поставете чинија со вода близу до цвеќето, а во топлите денови, едноставно напрскајте ја орхидејата со вода.
Правило бр.9: Стресот ќе им помогне на орхидеите да цветаат
Понекогаш, дури и ако сите горенаведени услови се исполнети, се случува орхидејата да не сака да цвета и да расте. Парадоксално, причината за тоа може да биде претерано совршените услови. Во таков момент, орхидејата ја насочува сета нејзина сила кон поттик за развој на листовите. За да ја поттикнете целосно да цвета и да цветаат и нејзините цветови, приридете му на вашето растение привремен стрес. Може да го поставите на кратко во ладна просторија или помалку да го полевате со вода. На овој начин, брзо ќе го стимулирате процесот на цветање.
Но, не заборавајте дека овој трик треба да биде краткотраен и да не се злоупотребува.