9 модни совети за дамите над 40 години: Како да го истакнете најдоброто од вас и итро да сокриете она што не ви се допаѓа
Кога една жена ќе ја надмине 40-та година од својот живот, според модните експерти, потребно е истата да се откаже од одредени стилови и модели.
Се подразбира, стилот на тие години не треба да се занемарува, но едноставно треба во истиот да се вметнат мали промени и да се персонализира, со цел да се истакне најдоброто од фигурата на една дама, но и истовремено да се сокрие она што им ја руши самодовербата и не им се допаѓа толку.
1. Облека според фигурата
Кројот и моделите, кои не одговараат на вашата фигура, лесно може да ве направат да изгледате постаро. Затоа изберете само такви дизајни кои одговараат на пропорциите и обликот на вашето тело.
2. Идеална должина на здолништето
Дамите кои веќе имаат над 40 години, не треба да носат здолниште кое е претерано кратко, но ниту кое е предолго. Со мини здолништата ризикувате да изгледате смешно, а со долгите пак, да изгледате многу постаро. Идеалната должина на здолништето е неколку центиметри над колената.
3. Обувки
Никогаш не носете неудобни модели, во кои не можете слободно да се движите. Изберете висина која ви одговара и притоа, изберете впечатлива боја. Пастелните тонови се совршени за пролетта, додека пак обувките со цветни шари се идеални за летниот период.
4. Идеална боја на фармерките
Колку и да имате совршена фигура, доколку имате над 40 години, според модните експертие, секогаш треба да претпочитате да изберете темни фармерки со тесен крој. Светлите и бели фармерки не треба да припаѓаат меѓу вашата облека.
5. Накит
Не прететувајте со носењето блескав метал или пластичен накит. Едноставно доволно е да изберете еден моден додаток, кој ќе остави моќен ефект. Доколку носите големи обетки, тогаш не носете нараквица и огрлица, туку дискретен прстен.
6. Вметнете повеќе бои во вашата облека
Тоа што имате над 40 години, не значи дека треба да носите само црно. Облеката во една боја секогаш ќе ве направи да изгледате постаро, затоа изберете да носите посветли и 2-3 бои повеќе. Според годишното време, секогаш обидете се да ја вклопите актуелната палета на бои во вашиот изглед.
7. Обратете внимание на градникот
За да горниот дел од вашето тело изгледа помлад и поубав, не може да носите било каков градник. Бидејќи градите со текот на времето се опуштаат, неопходно е да изберете градник со соодветна потпора. Истовремено, обратете внимание на моделот и како тој одговара на вашиот грб.
8. Не откривајте премногу
Дамите над 40 години не треба да се трудат да покажуваат и да истакнуваат истото она што го прават и девојките на 20 години. Колку да сметате дека сте слаби и со затегната фигура, погрижете се секогаш да изгледате отмено.
9. Секогаш носете очила за Сонце
Неопходно е секогаш со вас да носите и очила за Сонце, бидејќи истите визуелно ќе ви помогнат да изгледате неколку години помладо.