Факт е дека модните трендови се менуваат од сезона во сезона и на нас останува да одлучиме кои најдобро се вклопуваат во нашиот стил. Некои модни трендови не излегуваат од мода, а некои по долго време повторно се враќаат на сцената. Овие парчиња според модните експерти од популарните списанија како Glamour, Elle и Cosmopolitan, ќе бидат популарни за оваа пролет на модните писти и на улиците и би требало да се најдат во плакарите на сите модерни дами.

Еднобојни комбинации

Оваа пролет нема да имате проблем со комбинирање на боите затоа што на сцена стапуваат еднобојните комбинации и ќе изгледате софистицирано доколку вашата облека е во иста или слична нијанса. За уште полесно да се одлучите совршен избор се еднобоен фустан или пак комбинезон.

Точки

Точките повторно се враќаат на модната сцена. Безвременските точки задолжително се појавуваат во една сезона во годината, а оваа година нивниот момент на „сјај“ е пролетта и пролетните фустани.

Принтови

Животинските принтови најчесто ги поврзуваме со зимата, но оваа година пролетта е таа која може исто така да се пофали со овој тенд. Исто така уште една година по ред на модната сцена се и цветните принтови.

Разнобојност

Ова е главната карактеристика на оваа годишно време, а истото важи и за облеката. Оваа сезона пошарено значи подобро, затоа обезбедете си „забавна“ облека.

Карирано

Без разлика дали станува збор за кариран фустан, палто или кошула овој вид на принт ќе биде целосно „ин“ за претстојната сезона.

Шешири

Иако сме навиканти да носиме големи шешири во во лето, оваа година трендот се префрла и во пролетта. Можете да најдете одличен избор на големи шешири кои ќе ја истакнат вашата женственост.

Необични балетанки

Иако балетанките никогаш не излегуваат од мода дозволете си, оваа пролет вашите балетанки да изгледаат необично, така што ќе си изберете интересна боја или принт.

Широки и подолги шорцеви

Доколку минатата година популарни беа „жешките шорцеви“ за оваа сезона ќе биде модерна полежерна и поелегантна верзија на кратки и долги шорцеви.

Неонски бои

За да внесете забава во секој пролетен ден изберете си блуза, маица или пак чанта во неонска боја, тие ќе бидат вистински хит оваа пролет.

Доколку сакате да го одржите вашиот стил и да бидете во тек со најновите модни трендови можете да изберете од огромната палета на производи на „Fashion Group“ од реномирани брендови и потврден квалитет.