9 непроценливи совети за оние кои не се подготвени за лето, но сакаат да изгледаат беспрекорно
Совршено тело за на плажа не се постигнува преку ноќ. Потребно е многу време и напор и бара одредено ниво на посветеност. Но, ако оваа година бевте малку мрзеливи, не очајувајте, има и други начини да го прифатите вашето тело какво што е и да изгледате прекрасно на плажата.
1. Правилно позирање за фотографија
Од суштинско значење да се знаете вашите добри агли, што значи дека истата личност може да изгледа многу потенка или многу поголема во зависност од нивната положба. На пример на двете фотографии погоре е прикажана иста девојка во различна поза. Ставете ја едната нога малку пред другата и свртете се настрана, така ќе изгледате послаби.
2. Изберете го вистинскиот костим за капење
Дамите со облини изгледаат добро во едноделен костим за капење или пак кога долниот дел од костимот за капење е со висок струк. За девојките со поголеми гради од суштинско значење е горниот дел од костимот да има дебели или повеќе прерамки.
3. Носете потпетици
Нозете изгледаат многу потенки со потпетици, особено оние со острар врв. Овој тип на чевли, исто така, го крева задникот, со што целото тело изгледа подобро.
4. Фатете тен или пак нанесте лосион за самопотемнување
Не е тајна дека кога нозете се исончани изгледаат послаби и помазни.
5. Инвестирајте во добар мидер
Доколку сакате да изгледате добро во одредено парче облека кое ги нагласува вашите несовршености инвестирајте во квалитетен мидер.
6. Одберете облека која одговара на вашата фигура
Изборот на облека која добро изгледа на вашето тело може да направи огромна разлика. Не купувајте облека во поголеми или помали броеви. Носете фустани со шлиц за да ги покажете нозете.
7. Привлечете внимание на половината
Обично, акцентирањето на половината помага да се создаде женствена силуета и да се сокријат оние неколку вишок килограми.
8. Не се подгрбавувајте
Правилното седење и стоење може да направи огромна разлика. Тоа прави вашиот стомак да изгледа рамен, помагајќи ви да изгубите неколку килограми визуелно. Да не зборуваме дека тоа е навистина добро за вашето здравје. Обидете се да го задржите грбот исправен и рамената наназад.
9. Избегнувајте храна која што може да го подуе стомакот
Некои прехранбени производи имаат тенденција да создаваат гасови во нашите тела, што го прави стомакот подуен. Тоа создава појава на вишок тежина. Овие опасни прехранбени производи вклучуваат грав, лук, брокула, зелка и сл. Обидете се да го ограничите внесувањето на овие видови на храна.