9 Работи кои не треба да ги правиме на празен стомак
„Вие сте она што јадете“ е поговорка позната на сите. Но, она што го правиме пред оброк, исто така, има големо влијание врз нашето здравје. Ова се 9 работи што не треба да ги правите на празен стомак (не помалку од 2 часа по последниот оброк).
9. Да земате анти-инфламаторни средства
Аспирин, парацетамол и други нестероидни антиинфламаторни лекови не можат да се земат на празен стомак. Не само што се намалува нивната ефикасност, туку предизвикуваат и сериозни здравствени проблеми (како што е гастрично крварење). Најдобро е овие лекови да се пијат со млеко.
8. Да пиете кафе
Дури и кафето без кофеин го стимулира производството на киселина која може да предизвика проблеми со срцето и други проблеми со дигестивниот тракт ако се пие на празен стомак.
7. Да пиете алкохол
Без јадење, стапката на апсорпција на алкохол се зголемува со фактор 2 и е иста како да сте го внеле интервенски.
6. Џвакање на мастика
Дигестивната киселина произведена додека џвакате мастика на празен стомак ја уништува обвивката на стомакот.
5. Да си легнете со празен стомак
Никогаш не треба да си легнувате со празен стомак. Поради тоа ќе имате лош сон, а наредниот ден ќе јадете погоема количина на храна. Најдобро е пред спиење да испиете една часа млеко и мед.
4. Интензивен тренинг
Вежбањето на празен стомак нема да ги намали мастите но ќе ја намали Вашата мускулна маса и ќе се чувствувате изнемоштено.
3. Шопинг
Кога сте гладни не е препорачливо да одите да пазарите затоа што гладта ја зголемува желбата за храна и според одредени истражувања поголема е можноста да купите повеќе непотребни работи.
2. Да пиете сок од цитрус
Киселините и тешките влакна содржани во цитрусни плодови го иритираат вашиот празен стомак, што е особено опасно за оние кои имаат гастритис или се изложени на ризик да го развијат. Доколку навистина сакате да испиете свеж сок од цитрус првин измешајте го со вода.
1. Да се расправате
Истражувачите докажале дека гладот не прави помалку прибрани. Тоа се случува затоа што самоконтролата бара енергија, која што е недоволно снабдена кога стомакот е празен.