9 славни личности кои не се плашат јавно да се појават во истата облека по вторпат
Постои едно мислење кое кружи за социјалните настани, а тоа е дека носењето истата облека двапати се смета за лоши манири. Но, овие славни личности докажуваат дека тоа правило е сосема бесмислено!
Доказ дека функцијата на облеката е иста и луѓето во неа изгледаат исто толку прекрасно како кога ја носеле првпат, се овие 9 ѕвезди кои знаат дека парчињата се наменети да се носат повеќе пати и воедно ги рушат стереотипите кои повеќето ги имаат за нив т.е дека имаат различна облека за сите 365 дена во годината.
1. Рита Моренo
Во 1962-ра година Рита доби Оскар, носејќи блескав фустан. Потоа, во 2018-та година, по повод 90-та оскаровска церемонија, славната дама повторно се појави во истата креација, која толку многу ја сакала, што цело време ја чувала, во текот на овие години.
2. Кејт Бланшет
Во 2015-та година, шармантната актерка се појави на премиерата на филмот Керол во невообичаен црн дизајн. Три години подоцна, актерката не се плашеше јавно да заблеска повторно во истиот црн фустан.
3. Шпанската кралица Летиција
Во Феверуари оваа година, убавата шпанска кралица Летиција се појави во бајковита виолетова креација за време на пречекувањето на претседателот на Перу. Истиот фустан, кралицата го носеше пред 8 години на венчавката на принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон.
4. Гери Холивел
Во 2002-та година Гери се појави во уникатен фустан со магнетна боја на оскаровската забава. И 7 години подоцна, повторно го облече истиот фустан, кој овој пат, ја правеше уште поубава!
5. Џејн Фонда
На почетокот на 2016-та година, на забава во Беверли Хилс, легендарната глумица се појави во елегантно црно кадифено сако, кое потоа одбра да го носи подоцна иста година, на ревија на Ив Сан Лоран.
Едно исто парче, а сосема различен гламурозен изглед!
6. Кејт Мидлтон
По повод Олимписките игри кои во 2012-та се одржаа во Лондон, војвотката Мидлтон избра впечатлив софистициран син фустан. А во 2008-та година, за време на церемонијата на Таск наградите, војвотката гордо се прошета во истата креација, во која изгледаше подеднакво величествено.
7. Кејт Мос
Популарната манекенка обожава да носи крзно и затоа немаше воопшто проблем, да се појави јавно во своето омилено крзнено парче во 2006-та, на еден хуманитарен настан, а потоа истото да го носи и во 2010-та година, на ревија на Кристијан Диор.
8. Хери Стајлс
Омилениот заводник на младата генерација и лидерот на групата One Direction, во 2013-та година, на една роденденска забава се појави во уникатна кошула со срциња. А 6 месеци подоцна, на премиерата на филмот за нивиот бенд, пејачот повторно се појави во истата.
9. Шерон Стоун
Секогаш кога Шерон Стоун ќе се појави на црвениот тепих, сите погледи се насочуваат кон неа. Во 2009-та година, славната актерка, по повод забава во Анталија, одбра да носи гламурозен и драматичен фустан од Роберто Кавали. Една година подоцна, ѕвездата немаше проблем повторно да зачекори на црвениот тепих, облечена во истиот дизајн.