Секоја жена знае дека добро избраните чевли не само што можат да го надополнат изгледот, туку и да го покажат одличниот вкус. Затоа дизајнерите од година во година создаваат нови, уште поелегантни, необични и неверојатни модели на чевли. И оваа пролет ќе ги донесе своите модни трендови во светот на чевлите.

Металик

Додај малку метал на вашиот изглед оваа година. Различни видови (злато и сребро) се многу популарни кај западните модерни девојки. Таквите чевли совршено го надополнуваат секој изглед.

Природност на боите

Оваа сезона модни дизајнери одлучија да играат со природни нијанси. Минатата година имаше современи пастелни тонови. Сега на ред се сините, виолетовите и светло жолтите нијанси. Заедно со нив исто така ќр се носи светло зелената и огнено црвена боја.

Високи потпетици со шпиц

Овој вид на обувки веќе доволно се покажа во светот на модата и немаат намера да станат помалку поуларни.

Ниски обувки со ниска потпетица

Ако високите потпетици не се за вас тогаш не мора да се грижите, овој вид на чевли може да ви се најде во секоја пригода.

Обувки во машки стил

Овие модели изгледаат прилично елегантно иако имаат истакнати карактеристики на машките обувки.

Пластика и силикон како дел од обувките

Овој материјал им дава футуристички изглед на обувките и во нив ќе изгледате многу модерно.

Чевли со врвки и паднелки

Врвки, ленти, панделки, никогаш не излегуваат од мода. Дизајнерите сè уште не се грижат за нив, бидејќи тоа е најголемото поле за експериментирање.

Балетанки

Балетанките се меѓу најудобните и омилените обувки за жените. Оваа сезона најмодерни ќе се оние со триаголна форма.