9 знаци дека вие сте психички силна личност
Научниците веруваат дека психичката сила на една личност е индикатор за високата интелигенција и успехот на истата.
Способноста да ги контролирате своите чувства и да имате силна волја да направите сè во животот, е одлика на силна личност.
Преку следните 9 знаци, откријте дали и вие припаѓате на оваа моќна група на луѓе:
1. Не се грижите за работите кои се надвор од ваша контрола
Вашето мото е „ако може нешто да направите, без грижи, ако не може ништо да направите, без грижи“. Клиничкиот психолог Ејми Морин објаснува дека психички силните личности не се грижат за работите кои се надвор од нивна контрола. Иако одредени луѓе се чувствуваат подобро доколку се во можност да ги средат сите работи, сепак често некои работи и не се во доменот на нашата контрола. Ако се обидеме да ги контролираме, само ќе се соочиме со поголем стрес и губиток на енергијата. Подобро е нашата сила да ја зачуваме за работите врз кои можеме да влијаеме и да ги подобриме.
2. Ги прифаќате проблемите со кои се сретнувате низ животот
Животот е тежок и тоа го знаете. Не само тоа, го прифаќате неуспехот, болестите и тагата што доаѓаат со него. Но, наместо да тагувате и да се присетувате на несреќните мигови, истражувањата покажуваат дека самите ние одлучуваме во секоја несреќа, да пронајдеме среќа и да извлечеме позитивна поука. Тоа е знак на висока интелигенција што ја поседуваат психички силните луѓе.
3. Можете да кажете „не“, без каење
Ако вашиот претпоставен ве прашал да работите прекувремено за викендот, ќе немате проблем да му кажете „не“. Наместо тоа, ќе одберете да поминете квалитетно време со партнерот. Вие сте посветени на вашите цели, вредности и одговорности и не дозволувате ништо да ве спречи во нивното остварување. Тоа е причината зошто се чувствувате сосема удобно и немате проблем да ги одбиете луѓето околу вас. Тоа не значи дека вие сте лоша личност, туку едноставно не сакате времето да го трошите на секакви луѓе и работи, туку само на оние со висока вредност.
4. Трпеливи сте и знаете дека соновите не се остваруваат преку ноќ
Истражувањата покажале дека силните личности не користат зборови, туку дела за да ја покажат својата сила и се строго ориентирани кон остварување на високите цели и вредности. Затоа вие сте многу трпеливи кон останатите, но и кон вас и вашите сонови, бидејќи знаете дека ништо не се остварува преку ноќ, туку дека е потребен труд.
5. Ги поставувате потребните граници
Поставувањето граници е најздравиот начин да се практикува моќта, а моќта е причината за поставените граници. Истражувањата покажуваат дека силните личности сакаат да имаат контрола врз сопственото тело и ум, да бидат успешни, а не нечиј роб. Вие ги контролирате вашите лоши навики, ги одбивате негативните луѓе и ќе отидете во теретана, па дури и ако сте изморени тој ден. Верувате дека дисциплината е клучот до успешниот живот.
6. Не се жалите, туку работите ги преземате во свои раце
Не чувствувате дека светот ви должи нешто. Свесни сте дека за да ги добиете добрите и вредни работи во животот, мора и многу да се потрудите. Така, наместо да се жалите, вие ги преземате работите во свои раце. Истражувањата покажуваат дека одлучноста е дел од карактерот на психички силните личности.
7. Ретко импровизирате и ја претпочитате стратегијата
Вие планирате и не сте импулсивни. Импулсивноста е карактеристика типична за луѓето кои воопшто не размислиле за своите цели и не ги гледаат последиците од нивното однесување. Сосема на спротивната страна, психолозите ги ставаат силните личности кои веќе во својот ум ги имаат добро зацртано своите цели и плановите како да ги остварат истите. Практикувате стратегија за да остварите исполнет живот.
8. Самоуверени сте, но не претерано
Претераната самодоверба е индикатор дека личноста веќе искусила доволно. Но, тоа може да ве остави многу повеќе ранливи отколку што претпоставувате. Умствено силните личности ја имаат способноста да ги видат своите предности, но и своите слабости. Свесни сте за своите грешки и секогаш работите на нивно намалување, а тоа ве прави личност со квалитетна самодоверба.
9. Не го загрозувате вашиот сон
Одморениот ум е силен ум. Не се коцкате со вашата способност да го направите денот продуктивен, бидејќи можете да направите сè што ќе посакате. Затоа, многу истражувања покажуваат дека силните личности имаат одлични навики во спиењето, го ценат својот сон, бидејќи тоа е начин да ги наполнат своите батерии и да бидат спремни за следниот ден.