9 знаци како да препознаете дали вашиот партнер е нарцис: Нарушување на личноста за кое не постои лек!
Секој човек е во себе содржи мала количина на нарцисоидност, што според психолозите е здраво, бидејќи е многу важно личноста да се сака себеси и да има здрава самодоверба, бидејќи со тоа се овозможува напредок и супер функционирање во животот.
Но, постојат луѓе кои имаат сериозно нарцисоидно нарушување на личноста, што ги прави токсични за сите околу себе. Според статистиките, ова нарушување е повеќе застапено кај машката популација, а еве според кои 9 знаци може да препознаете и откриете дали вашиот партнер го има истото:
1. Има две лица
Зборува многу, претежно за себе, често ја користи заменката „Јас“, не поставува прашања затоа што другите не го интересираат, за време на разговорот знае да замине. Тој не одговара на пораките, освен кога му треба нешто, заборава важни датуми. Ако сакате да му кажете нешто и во близина работи некаков електронски уред, тој нема да ве забележи и слушне. Понекогаш ќе се прашувате дали сте нормални кога ќе видите дека еден човек има две лица, кој може да има шарм и да биде смирен на забава, а дома да биде свртен само кон себе.
2. Се преценува себеси
Тие честопати се гледаат на високи позиции затоа што сметаат дека го заслужуваат тоа, па не е никакво изненадување некогаш да ги слушнете дека би биле и претседател на државата, иако имаат сосема просечни способности за било што.
3. Потребно е постојано да му се воодушевувате
Една од заедничките потреби, што е дериват на потребата за потврда на идентитетот изразена кај сите луѓе, го достигнува својот максимум овде. Нарцисот постојано бара комплимент, за кој нема да добиете реципроцитет т.е ништо назад.
4. Само најдоброто е за него
Дали е тоа место во ложата на некој настан, најдобро место во ексклузивен ресторан, запознавање со познати личности. Никогаш нема да ги видите како стојат во редови.
5. Ве преокупира со фантазии
Ох, колку се добри актери! И немојте да се изненадите кога ќе бидете фасцинирани од неговата приказна на почетокот на врската, кога идеализацијата е најсилна (и со вас и со него) и кога ќе успее да ве убеди дека сте љубовта на неговиот живот. Тоа се зборови што разгалуваат, но подоцна ќе го открие неговото вистинско лице дека сето тоа било само претстава.
6. Ве манипулира
Иако има добри намери на почетокот, подоцна ќе сфатите колку е склон на манипулации. Манипулацијата е различна од влијанието – влијанието е победа-победа, а манипулацијата е модел на однесување каде едниот победува, а другиот губи. И, вие сте оној кој губи заради недостигот на внимание на туѓите чувства и емпатијата. Кога и да е нежен и пријатен, знајте дека му треба нешто.
7. Смета дека е центарот на светот
Нарцисот не се само сака себеси. Нарцисот го обожава својот одраз во вода, тој преживува во својот сјај сè додека има успех, сè додека му аплаудирате, сè додека му се восхитувате. Сè се врти околу него.
8. Ги контролира работите во врската
Кога открие дека нешто ви се допаѓа, заборавете дека ќе го добиете. Ако тој знае дека сакате кино, за неколку години ќе се сетите дека последен пат сте гледале филм во кино пред да започнете да се забавувате. Но, тоа го прави не од едноставна себичност, туку од љубоморна потреба прво да ги исполни своите желби, она што го сака.
9. Нема реципроцитет
Ќе ве збуни кога ќе му кажете дека го сакате или му покажувате нежност, а тој ќе започне да се однесува агресивно. Ова се должи на неможноста да се возврати со иста мерка, а потоа, исто како кога ќе му биде ускратена љубовта, добива т.н. реактивен нарцисоиден бес. Го привлекуваат ранливи, нестабилни жени, за кои смета дека се инфериорни и не се закана. Тие најлесно го хранат неговиот нарцизам. И кога нарцисот ќе го забележи тоа, тие веќе се заробени, а зависноста доаѓа подоцна, како резултат на топло-студените бранови во неговото однесување.
Третирање на нарцисоидно растројство на личноста
Ако сакате прифаќање, љубов, признавање на вашата личност, најдобриот совет е да бегате со глава без оглед од нарцисоидниот партнер, бидејќи шансите да се постигне она за кое сонувате со истиот се минимални. Дури и психотерапевтите не можат да постигнат лекување. Третманот за нарцисоидно растројство на личноста е оксиморон. Дури и ако тој се согласи на терапија – што може да се случи само по пораз – неговата главна цел е да ги врати реакциите на другите и претходната состојба на „џин на стаклени нозе“, да не менува ништо во себе. Како да се смени кога е совршен! Обично на крај ќе рече дека бил наивен и глупав што дозволил тоа да му се случи.