12 Секојдневни причини поради кои не можеме да заспиеме навечер и како да се справиме со нив
Доколку не спиеме добро и доволно, ќе почувствуваме голема доза на исцрпеност веднаш по будењето. Покрај тоа, ова е една од главните причини за зголемување на тежината.
12. Погрешна температура на воздухот
Иако сите сакаме да спиеме во топло, идеалната температура на воздухот во собата треба да е од 15-23 ° C. Доколку Ви е ладно покријте се со ќебе, но не ја зголемувајте топлината.
11. Физички вежби
Тренингот го стимулира нервниот систем, поради што заспивањето по одење во теретана може да биде проблем. Затоа вежбајте најмалку три часа пред да си легнете.
10. Недостаток на распоред
За да се одморите целосно, на Вашето тело му треба одредено време. Секогаш легнувајте си во ист временски период, од 22 часот навечер до 1 часот наутро.
9. Светло
Дури и најмалото светло од ламбата или LED светлата на електричните апарати може да му попречи на Вашиот сон. Колку е потемно, толку подобро за Вас.
8. Врева
Секој звук, бучава од автомобили или гласно зборување на соседите, го спречува телото да се одмори.
7. Користење на креветот за погрешни цели
Многу луѓе ги користат своите кревети не само за спиење, туку како еден вид на работно место, што резултира со намален квалитет на спиењето.
6. Кофеин
Не е тајна дека кофеинот го спречува сонот. Не заборавајте дека не се наоѓа само во кафето, туку и во чај, чоколада и некои други производи.
5. Се надевате дека веднаш ќе заспиете
Многумина одат во кревет без да сакаат да спијат, надевајќи се дека желбата ќе дојде само по себе. Во повеќето случаи, сепак, нема да се случи тоа. Прочитајте книга која Ве релаксира, но не на таблет или компјутер, туку „вистинска“ книга.
4. Алкохол
Иако алкохолот Ви овозможува да заспиете побрзо, тој негативно влијае на брзото движење на очите, а вие се будите уморни и мамурни. Консумирајте алкохол два часа пред да си легнете.
3. Преоптоварување на умот
Ние често не дозволуваме нашиот мозок „да се рестартира“ и да се одмори од секојдневните проблеми пред да заспие, што резултира со слаб квалитет на сон.
2. Отсуство на навика
Недостатокот на ритуали пред спиење во ноќта е уште една причина зошто не се чувствувате одморни наутро.
1. Позиција на спиење
Ако спиете во непријатна положба, без разлика дали сте сами или со Вашиот партнер, го става во стресна положба Вашето тело, што резултира со недостаток на одмор.