4 рецепти за ликер од млади ореви, кој стана многу познат поради лековитите својства
Оревите пред да созреат се одлични кулинарски задоволства, слатки и лековити. Во последните неколку години ликерот од млади реви е многу популарен. Тој е одличен за детоксикација на организмот, помага при проблеми со тироидната жлезда, го лекува грлото и стомакот, а исто така и подмладува. Изберете некој од овие 4 вида на ликер од ореви и почувствувајте ги неговите лековити својства.
Ликер број 1
-1 литар ракија
-40 зелени ореви
-1 кг шеќер
Исечете ги оревите на мали парчиња и прелијте ги во тегла или шише со ракија. Оставете да отстојат на сонце 6-7 недели. Процедете ја смесата и додадете 750 гр шеќер, добиената смеса исцедете ја и сместете ја во шишиња.
Ликер број 2
-1 литар ракија
-40 зелени ореви
-1 кг шеќер
-1 литар црвено вино
Повторно исечете ги оревите на мали парчиња и прелијте ги во тегла или шише со ракија. Оставете да отстојат на сонце 6-7 недели, а потоа додадете го виното и шеќерот. Оставете го да отстои уште една недела и често промешувајте.
Ликер број 3
40 зелени ореви се сечат на парчиња и се заливаат со ракија во 3-литарски тегла, плус едно пакетче цимет и 3-5 парчиња каранфилче. Треба да отстои 40 дена на темно и ладно. Процедете ја смесата 3-4 пати во газа, а потоа додадете црвено вино, околу 750 мл. Потоа се додава 1,5 кг шеќер и чоколадо по Ваш вкус.
Ликер број 4
-40-60 зелени ореви
-1 литар ракија
-250 г шеќер
-Лажичка липов цвет
-Лажичка ајдучка трева
-1 индиско оревче
Откако ќе ги измешате сите овие производи оставете ги да отстојат 40 дена на сонце во тегли обвиткани со хартија или платно. Потоа процедете ги и консумирајте.
Наведените рецепти за ликер од ореви можат да се пијат навечер како аперитив, но можете и да пиете по една супена лажица, три пати на ден.