Кога старееме за жал најмногу страдаат нашите коски. Иако не може да се запре процесот на стареење сепак можеме со одредени природни состојки да ги ублажиме последиците и да си го подобриме здравјето. Овој природен рецепт ќе ви помогне да ја подобрите флексибилноста и еластичноста на зглобовите и колената, овозможувајќи Ви да се движите слободно.

Состојки:

-2 лажици желатин
-3 лажици суво грозје
-4 лажици сусам
-8 лажици ленено семе
-40 гр. непечени семки од тиква
-200 гр. органски мед

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер и се блендира се додека не се добие хомогена смеса. Се зема 3 пати на ден, пред оброците, на тој начин што мешавината од семиња ќе ја измешате во млака вода или јогурт. За неколку недели ќе ги видите резултатите. Коските и зглобовите ќе ви бидат посилни од било кога, но и ќе се зајакне и Вашиот метаболизам и имунитет.