Нормално е да паѓа одредена количина на влакна од главата, тоа е резултат на обновувањето на епителното ткиво. Но доколку косата паѓа се повеќе и повеќе и престанува да расте, тогаш станува збор за здравствен проблем. Има повеќе причини за опаѓање на косата, како, неухранетост, грип, бременост, стрес, користење на преса за коса, неправилна грижа за косата и слично. Оваа природна маска со кокосово масло против опаѓање на косата ќе Ви помогне да ја вратите косата во првобитна состојба и да го подобрите нејзиното здравје.

Состојки:

– 3 лажици кокосово масло (45 грама)
– 2 лажици етерично масло од Салвија разредено со маслиново масло (30 грама)

Првин се меша етеричното масло од Салвија со маслиновото масло 10 капки на 1 лажица. Може да користите и бадемово масло. Ставете ги маслата во сад кој може да се загрева. Загревајте ја смесата на слаб оган. Нанесете ја смесата на косата и ставете најлон. Потоа памучна крпа. Преноќете така. Наутро измијте ја косата со неутрален шампон.