Често се случува да заборавиме да нанесеме крема за сончање, да останеме премногу долго на сонце или едноставно поради тоа што кожата ни е премногу чувствителна да добиеме изгореници од сонцето. Ова се неколку корисни начини со помош на кои ќе се справите со изгорениците, а овие продукти ги има во секое домаќинство.

Јагоди

Згмечете неколку зрели јагоди и потоа намачкајте ги по телото. Јагодите содржат тананин кој ќе ја намали болката.

Невен

Невенот делува противоспалително и е добро за лекување на изгореници. Облогите со цветови од невен ќе ви помогнат да го забрзате процесот на заздравување.

Зелен чај

Зелениот чај е одличен доколку сте се здобиле со изгореници од сонцето. Дури само две чаши дневно можат да ви пружат дополнителна заштита од сонцето.

Зелена салата

Потребно е првин да ја обарите салатата а потоа да ја исцедите па ставете ја во фрижидерот за да се излади. кога ќе се излади поминете со салатата по иритираната кожа.

Краставици

Се што треба да направите е да ја згмечите краставицата и да ја нанесте на кожата. Краставицата е еден од најдобрите начини да се справите со несаканите изгореници од сонце.