10 замени за шеќерот со кои ќе си го подобрите здравјето
Првото нешто што сите лекари за здрава исхрана препорачуваат е намалување на шеќерот. Ние самите знаеме дека шеќерот е штетен за нашето здравје, но навистина ни е тешко да се откажеме од слатките. Сепак постојат алтернативи на шеќерот кои имаат одличен вкус, но исто така се одлични и за нашето здравје.
10. Кокосов шеќер
И покрај неговата висока енергетска вредност, кокосовиот шеќер има низок гликемичен индекс (што значи дека асимилира подобро) и носи други бенефиции. Исто така е вкусен, повеќе од обичниот шеќер.
9. Јачменов слад
Изненадувачки, јачменовиот слад е исто така одлична замена за шеќер. Го забрзува Вашиот метаболизам, го зајакнува имунолошкиот систем, па дури и го подобрува видот.
8. Агавен сируп
И покрај тоа што е калоричен, сирупот од агава е многу посладок од шеќерот, што значи дека може да се додаде во помали количини. Се разбира, исто така е многу поздрав бидејќи е богат со калиум, калциум и железо.
7. Меласа
Густата и слатка меласа е богата со минерали и Б витамин, вкусот е толку сличен како на шеќерот што можеби и нема да ја откриете разликата.
6. Урми
Урмите се здраво и хранливо овошје, кое често се препорачува како здрава закуска.
5. Сируп од црница
Црницата се нарекува и „кралица на бобинките“ поради лековитите својства. сурупот од црница е одличен здрав засладувач.
4. Шеќер од сорго
Произведен од сок од слатко сорго, шеќер од сорго се користи во Кина уште од антиката и е познат по здравјето што го носи.
3. Течен шеќер од грозје
Шеќерот од грозје неодамна го достигна врвот, заканувајќи се да го собори обичниот шеќер. Тој дури и ја освои „наградата“ како средство за продолжување на животот.
2. Јаворов сируп
Не е добар само за палачинки! Бидејќи има ниски калории, го намалува ризикот од рак и дијабетес. Исто така е прилично вкусен.
1. Стевиа
Апсолутен лидер кај нискокалорични замени. Стевиа е во голема побарувачка кај луѓето кои сакаат да ја намалат нивната тежина.