Откако ова сексистичко училиште вратило 20 девојчиња дома поради облеката, момчињата имале совршена реакција
Во средното училиште Сан Бенито во Калифорнија 20 девојчиња биле вратени дома поради начинот на кој биле облечени, со тврдење дека го прекршиле кодексот на облекување. Девојчињата носеле маици и блузи од кои им се гледале рамениците и училиштето тоа го сметало за вулгарно. Но, останатите ученици го сфатиле нивниот потег како сексистички и затоа голем број на момчиња од училиштето наредниот ден одлучиле да посетуваат настава во женски маици и блузи со спуштени раменици. Нивниот потег добил позитивно внимание и директорката одлучила да поразговара со учениците и заеднички да одлучат од кој степен почнува „вулгарното“.