Како да си ги подмладите и зголемите градите?
Какви вежби треба да правите и што треба да јадете за да Ви се зголемат градите? За да ги зголемите Вашите гради, следната вежба може да биде многу корисна. Според личниот тренер Надја Феирвуд, тоа ќе помогне да се зголеми ткивото на дојката.
Наведнете се без да ги свиткате колената и истегнете ги рацете така што тие ќе ја допираат земјата. Потоа почнете да одите со дланките на подот, додека не застанете во позиција за склекови. Потоа малку по малку движете ги рацете наназад кон нозете и повторно застанете во исправена положба. За да се постигне ефект, вежбата треба да се повторува најмалку 20 пати на ден.
„Градите бргу стареат и виснуваат, затоа што кожата е мека, тенка и нежна.“, вели нутриционистката Шона Вилкинсон. Според неа, ова лесно може да се одложи со правилна исхрана.
1. Црвениот грав е одличен извор на протеини кој се распаѓа на амино киселините кога се консумира. Амино киселините помагаат да се забрза регенерацијата на клетките на кожата и производството на колаген.
2. Додајте грав во јадењата и салатите.
3. Јадете повеќе лосос бидејќи има високо ниво на Омега 3, масни киселини и е исклучително корисен за кожата.
4.Гответе со домати – тие содржат ликопен, кој помага за одржување на кожата и штити од штетните сончеви зраци. Домати ослободуваат повеќе ликопен кога се готват.