Рецепт за ефективен „убиец“ на масни наслаги со ким
Прекумерна тежина е голем проблем за нашето здравје. Тоа може да биде причина за дијабетис, заболување на црниот дроб, срцето и зглобовите. Затоа мораме да се бориме. Не со исцрпувачки вежби и строги диети! Потребно е само да се прилагодат навиките за јадење во корист на протеините (живина, јајца и риба), може да се прават и физички активности, а рецептот е даден подолу. Сето ова ќе ви помогне да се збогувате со вишокот килограми.
Кимот го забрзува метаболизмот, го спречува задржувањето на течностите во телото и помага да се изгуби телесната тежина.
Состојки
-1 лажиче ким
-1/2 лажичка рендан корен од ѓумбир
-1/2 сок од лимон
-300 мл вода
Подготовка
-Додека водата врие, додадете ким и ѓумбир.
-Варете ги состојките 5 минути на тивок оган, а потоа оставете да се лади.
-Додајте сок од лимон.
Земајте по една супена лажица 20 минути пред секој оброк и за еден месец можете да намалите и до 10 килограми. Исто така оваа диетална напивка помага и во зајакнување на имунитетот.