Сувите сливи имаат хранлив и лаксативен ефект, со децении и тие често се препорачуваат и од лекарите. Исто така и втората состојка спаѓа во едни од најздравите плодови во светот.

Состојки:

– 150 гр урми,

– 150 гр суви сливи,

– 1,5 чаши зовриена вода

Подготовка:

Исечете ги урмите и сувите сливи на парчиња. Ставете ги во водата која што почнала да врие и варете додека смесата не се згусне. Би требало да добиете околу 20 супени лажици џем, а дозата е една лажица. Не мора да се грижите бидејќи овој џем е природен и пригоден за сите возрасти.