Домашен крем против брчки со само четири состојки
Со годините пристигнуваат и брчките. Најчесто кремите против брчки се прилично скапи, а за ботокс да не зборуваме. Но, постои и природен начин за да ја задржите Вашата убавина. Овој рецепт за домашен крем против брчки нема да Ви одземе многу време и пари, но ќе го направи тоа со Вашите брчки.
Состојки:
-1 жолчка
-2 лажици бадемово масло (или маслиново)
-½ лажица мед
-2 лажички вазелин (медицински)
Подготовка:
Вазелинот се растопува на пареа. По неколку минути кога целосно е растопен, се трга од огнот и се додаваат останатите состојки. Убаво се меша додека да се изедначи смесата. Кремот се става во соодветен сад и се чува во фрижидер.
Овој домашен крем е идеално средство за нега на кожата: хидрира, го изедначува тенот, ги намалува длабоките брчки и го забавува стареењето.