Бремена жена позира со 20.000 пчели во откачена фотосесија посветена на мајчинството
Емили Милер е прекрасна идна мајка која го шокираше светот со нејзината уникатна но застрашувачка фотосесија. „Пчелата Милер“ е компанија водена од Емили и нејзиниот сопруг. Таа ја основала компанијата во 2015 година со мисијата да ги спаси пчелите. Со седиште во Охајо, САД, компанијата работи со различни производи поврзани со пчелите и секако една од нив е и продажба на мед. Една од работите на компанијата е да ги наоѓа и спасува изгубените пчели. Пчелите кои што Емили ги вклопила во фотосесијата се спасени од парк.