Сега почнува сезоната на зимниците и без сомнение сите ќе се фатиме за работа. Малиџаното е највкусното нешто веднаш по ајварот и секоја домаќинка треба да го послужи на трпезата. Еве го рецептот за совршеното малиџано:

Состојки:

-20 модри патлиџани
-4 кг. зелени меснати пиперки за печење
-1 литро масло за јадење
-200 мл. вински оцет
-200 гр, шеќер
-150 гр. сенф
-сол
-лук

Подготовка:

Испечете ги модрите патлиџани и пиперките. Излупете ги и извадете ги семките од пиперките. Излупените модри патлиџани и пиперки измелете ги во машинка. Во длабоко тенџере ставете го маслото за јадење да изврие, па потоа ставете ги измелените патлиџани и пиперки. Пржете и мешајте околу час и половина. Oцетот, шеќерот, сенфот и солта, и истолчениот лук се додаваат при крајот на пржењето.