Смешен хороскоп кој на комичен начин ја открива вистината за хороскопските знаци
Кој вели дека хороскопот не може да биде и малку смешен? Можеби ова не ги опишува детално карактеристиките на хороскопските знаци, но сигурно некои од Вас ќе се пронајдат зад кулисите на овие реченици.
Овен
Лидер, водач, секогаш главен. Односно тој мисли така, а сепак е само обичен овен.
Бик
Уште еден животински знак кој се користи во ситуации кога оправдано сакате на некој да кажете дека е теле или во деликатни ситуации, вол.
Близнаци
Оние кои се родени во овој знак секоја работа ја вршат двапати, но сепак безуспешно.
Рак
Ракот е навистина напреден знак, тој кога оди напред всушност се движи наназад.
Лав
Многу голем ѕвер е по дома и не може да се трпи. Кога ќе замине некаде во странство на сите им вика „Ај Лав Ју?.“
Девица
Дискутабилен хороскопски знак, кој мажите се срамат да го признаат а жените го кажуваат со палава насмевка.
Вага
Трговскиот знак. Два дена Ве мери па ви ја крои капата. Ќе сфатите кога ќе ја добиете сметката.
Шкорпија
Љубопитен хороскопски знак. Не и се приближувајте, каса!
Стрелец
Тој е ловџиски знак. Кога се работи за маж тој брка секаков дивеч, а кога се работи за жена, таа веќе има многу дивеч под нејзините нозе, но сепак го брка наредниот со очите.
Јарец
Чудно е што мажите се горди на овие рогови а жените се увредуваат кога ќе ги кажете во нивниот род.
Водолија
Кафански знак. Кога ќе го испијат виното во кафаната бараат да им налеат вода.
Риба
Жените го сакаат овој хороскопски знак се додека не го прецизирате видот на риба… сом.