Речиси нема жена која не била на гинеколог поради вагинална инфекција. Покрај третманот кој ќе Ви биде препишан, често пати е подобро да користите и алтернативна медицина, односно да се справите со проблемот со природни решенија.

Чаеви

Против чешање и пецкање ефективен е чајот од рузмарин. Можете да го користите за миење на интимните делови, а може и да пиете. Неопходно е да се стави 1 лажица сушен рузмарин во 1 чаша врела вода, оставете го да отстои 10 минути. Пијте од 1 до 4 чаши во текот на денот, ако имате габична инфекција.

Брусницата е корисна против инфекции на уринарниот тракт, но исто така и против габични инфекции. Доколку имате габична инфекција, препорачливо е да пиете чист, незасладен сок од брусница неколку пати на ден. Можете да консумирате и таблети од брусница или да ја јадете свежа.

Масла

Маслото од чајно дрво ги третира габичните инфекции. Доволно е да ставите неколку капки кој ќе ги оставите да дејствува околу 3 часа. Повторете ја постапката два пати на ден.

На сличен начин делува и маслото од оригано. Можете да го нанесете површно, но разредено во малку маслиново масло или орално во облик на капсула два пати на ден.

Лук

Често консумирајте лук, ако страдате од вагинална инфекција. Втората опција е да се направи паста од ситно сецкан или зелен лук и да се примени на заразените делови. Може да се меша бел лук со малку витамин Е од капсули и кокосово масло.

Оцет

Користете балсамико оцет во топла бања. Купете чист органски јаболков оцет и ставете 1 чаша во када со топла вода.

Невен

Оваа билка, исто така, има анти-воспалителни ефекти, така што треба само да земете свежи и чисти лисја на невен и површно применете ги на инфицираните делови. Овој рецепт не се препорачува кај бремени жени.