Дали би носеле ваков накит? Мајка прави прекрасен накит од многу чудни материјали
Мелани Форгарти рачно изработува накит кој соджи делови од плацента, папочна врвца, коса, пепелта, па дури и мајчино млеко. Таа била инспирирана да изработува ваков накит откако се породила по трет пат во нејзиниот дом. 31-годишната Мелани го започнала нејзиниот бизнис Beyond The Willow Tree во 2013 година и немала претходно искуство. Таа изработува прстени, приврзоци, мониста и нараквици, а за техниката за зачувување на мајчиното млеко и неговото претворање во накит го смета за „тајна од милион долари.“
Мелани вели: „Сакав на некој начин да ја истакнам емоцијата на породувањето. Ја држев плацентата на мојата трета ќерка во рацете и тоа беше единственото нешто кое директно го поврзуваше заедничкото искуство со неа. Затоа си помислив, ајде да направам нешто со неа.“
Мелани почнала да експериментира со изработка на накит и првите парчиња накит биле направени од нејзината плацента. Таа се учела самата без да користи ниту Јутуб. Потоа почнала да користи и други „мајчински“ материјали, но одлучила да користи и пепел по трагичната смрт на бебето на една нејзина пријателка. Мелани вели дека жените многу сакаат накит а уште повеќе си ги сакаат своите деца и на овој начин тие ќе можат да имаат безвременска врска која ќе трае долги години.