Оваа жена поторшила над 500.000 евра и отстранила 6 ребра за да изгледа како цртан лик
Пикси Фокс има 27 години и таа досега има направено околу 200 пластични операции, како дел од нејзината долгогодишна желба да изгледа како лик од цртаните филмови. Девојката од Северна Каролина потрошила над 500.000 евра за да и ја скршат вилицата, да отстрани 6 ребра, промена на бојата на очите, четири зголемувања на градите, липосукција, лабиопластика на челото и подигање на задникот.
Таа се надева дека ќе успее да почне со креирање на сопствен стрип, во кој таа ќе биде главниот лик кој ќе се бори против криминалците. Пикси повеќе пати се појавувала на телевизија за да ја одбрани нејзината опсесија со пластични операции, велејќи дека била против нив, но по одредено време развила „страст“ и решила да стане „професионалец“ на тоа поле.
„Јас не го правам тоа за суета. Јас сум пионер, ја туркам индустријата за убавина нанапред. Знаев дека сакам да направам многу работи. Тоа беше долг процес додека да стигнам до екстремното.“, изјавила Пикси. Нејзината најнова операција се одвивала во Јужна Кореја каде што и била скршена вилицата и повторно наместена, а таа не можела да зборува и да јаде една недела. Исто така таа била и во Индија на екстремно опасна операција на очите која е забранета во САД и европските земји.
Пикси била предупредена дека може нејзиниот ‘рбет да се скрши пред да ги извади ребрата, но таа не обрнала внимание на предупредувањата и сака да продолжи со вадењето на ребрата и да постави нов рекорд за најтенка половина. Пикси пред да стане модел работела, верувале или не како електричар.