Со овој лек ќе ги отстраните болките во стапалата од тесните чевли
Тесните чевли можат да предизвикаат многу непријатности. Болките во сталапата можат да бидат мали, но можат да бидат и толку сериозни за да дојде до деформирање на коските. За да исчезнат болките подгответе го следниот рецепт и применувајте ја едноставната терапија.
Во 10мл. тинктура од јод потребно е да растворите пет таблети аспирин и потоа мешајте додека смесата не стане безбојна.
Намачкајате ги со неа болните места и облечете чорапи или ставете ракавици, затоа што овој рецепт помага и при проблеми со рацете. Целта е добро да го затоплите местото. Носете ги чорапите во текот на ноќта. Продолжете со терапијата во рок од две недели, без да да правите пауза. Потоа направете пауза од еден месец.
За најдобар ефект потребно е да направите четири такви третмани на лекување и ќе имате видно подобрување на состојбата, а болките во целост ќе исчезнат.