Домашен напиток за дијабетичарите од смрека
Дијабетесот за жал е честа болест без разлика на полот и возраста. Во зависност од тоа колку е сериозна болеста постојат различни терапии за третирање на истата. Но, можете да го контролирате и шеќерот во крва со помош на природни домашни лекови. Овој рецепт од само три состојки ќе Ви помогне во тоа.
Состојки
– 0,5кг смрека (бобинки),
– 3 л вода
– 1 лимон
Подготовка
Смреката ставете ја во стаклена тегла од три литри и додадете вода до врвот. Додадете сок од 1 лимон, па оставете го да отстои неколку дена. Сокот е подготвен за пиење кога бобинките од смрека ќе почнат да паѓаат на дното. Засладете по желба додека пиете. Нов сок добивате со додавање на нова вода во теглата, но само додека има бобинки кои сеуште лебдат. Откако сите бобинки ќе потонат на дното потребно е да ги замените со нови.