Ферин Рој некогаш била вознемирена од коментарите и од погледите кои и ги упатувале луѓето, но таа решила да го прифати нејзиниот белег и никогаш нема да го отстрани. Оваа мајка на две деца напишала и книга за самопомош, каде што го опишува нејзиното патување до помирувањето. 30-годишната жена се надева дека ќе може да им помогне на сите кои имаат проблем да се прифатат самите себе.

„Мојата насмевка зрачи, никој не може да ја извалка мојата насмевка и самодоверба. Го прифатив мојот белег и нема да го остранам и не ми претставува проблем да одоговорам на прашања поврзани со него. Беше чудно кога луѓето ‘зјапаа’ во мене, во училиштето и на останатите места надвор од дома. Некои случајни минувачи ме прашуваа дали тое е боја на моето лице, некои од нив ме прашуваа дали планирам да го отстранам, а имаше и луѓе кои прашуваа дали можат да го допрат.“, вели Ферин.

Нејзините пријатели и семејството и дале поддршка за да ја напише книгата која ги менува перцепциите за убавината, со наслов „Белегот кој го задржа: Патувањето на жената која храбро живее за својата цел“. Ферин вели дека таа е сосема задоволна со нејзиниот изглед и живот и смета дека е бесмислено таа или било кој друг да острани белег само за да ги задоволи очите на јавноста. Таа советува: „Фокусирајте се на љубовта кон самите себе, наместо да барате љубов од другите.“