Анастасија имала алопеција, што резултирала со ќелавост, но сега таа изгледа како принцеза од бајките
На Анастасија Сидоров и била дијагностицирана алопеција кога имала само 18 години и тоа ја уништило нејзината самодоверба. Косата на оваа руска убавица интензивно почнала да опаѓа и крај Анастасија немала повеќе коса. Таа иако била разочарана не сакала да се откаже и по макотрпни третмани и користење на специјални шампони Анастасија си ја вратила претходниот „сјај“ на нејзината коса. Младата девојка сега е и модел за познатата марка на шампони Pantene и се појавува во реклами ширум Русија.
Денес должината на нејзината коса изнесува 106 сантиметри. Огнената црвенокоса за време на нејзиното лекување научила многу работи за правилно оддржување на косата и сега истите совети ги споделува со луѓето на социјалните мрежи. Анастасија вели дека таа никогаш не ја третира косата со преса за коса, а фен користи само кога нејзината коса ќе биде 60% природно сува. Исто така при секое капење таа става маска од кератин и зема дневна доза на омега три и витамин Д.
Анастасија вели: „Многу луѓе не се грижат правилно за нивната коса. За да определите кој шампон ви одговара првин треба да определите каков тип на коса имате. Несоодветниот шампон може многу да ви ја оштети косата. На пример, доколку имате сува коса а користите шампон за масна коса, тогаш ќе ја отстраните природната маснотија во косата, при што косата која што веќе е сува нема да може да расте. Ќе го исушите скалпот, а косата ќе стане кршлива.“