Домашно масло за подобра циркулација на крвта
Кога нема добра циркулација на крвта со текот на годините најмногу страдаат нозете. Оваа масло ги снабдува ткивата со кислород, ја намалува вискозноста на крвта, склоноста за слепување на тромбоцитите, ја намалува можноста за создавање на тромб, делува на отпорноста и еластичноста на крвните садови, ја намалува нивната пропустливост, ги отстранува болките во нозете, ги намалува отоците и чувството на трнење.
Состојки:
- 50 цветчиња невен
- 100 г рузмарин
- 100 г кантарион
- 100 г мајчина душичка
- 100 г семе од коприва
- 1 литар појака ракија
Подготовка:
Сите состојки се мијат и ситно се сечкаат па заедно со ракијата добро се затвораат во стаклена тегла. Се остава 15 дена на сонце или топло место, а секој ден се промешува неколку пати. Се процедува низ цедалка или газа па се складира во стаклено шише.
Употреба:
Се консумира по една супена лажица наутро на гладно и навечер пред спиење.