Жена открила дека има двајца полубраќа и една полусестра и дека нејзиниот татко не е нејзиниот биолошки татко преку случаен ДНК тест
Жаклин Бахтер сакала да го направи популарниот ДНК тест кој го нуди страницата 23andMe. Таа пратила примерок од нејзината плунка и го пратила преку пошта и очекувала да и пристигне извештај кој детално ќе го опишува нејзиното генетско потекло и кои се нејзините предци. Но, таа не знаела дека ќе добие и известување доколку е во роднинска врска со уште некој корисник на 23andMe.
Во извештајот што го примила пишувало дека е од британско, ирско, германско и гранцуско потекло, дека има многу здрави гени, но и дека има полубрат по име Лорен Чејс. Жаклин била шокирана и решила да го побара нејзиниот брат на Фејсбук. Таа успеала да контактира со него и тој се согласил да се сретнат. Жаклин не била свесна како е можно да има полубрат затоа што таа знае дека веќе 33 години е единственото дете на нејзините родители.
Тогаш Лорен и раскажал дека тие имаат заеднички татко затоа што имаат ист донатор на сперма. Лорен го немал запознаено донаторот, но преку агенцијата за донирање на сперма успеал да открие уште еден полубрат по име Тим Мекнулти, пред неколку години. Лорен бил во контакт со неговиот полубрат и затоа решил сите тројца да се сретнат и да разговараат. Жаклин вели дека таа со нејзините браќа има многу сличности, кои иако можеби не се физички. Тие откриле дека имаат уште една полусестра и планираат наскоро да се запознаат и со неа, откако веќе разговарале со жената преку телефон.
Жаклин вели дека не им се лути на родителите што не и кажале дека е зачната преку донатор на сперма и дека нејзиниот татко се уште е „најдобриот човек во светот“ за неа.