На која возраст жените се најпривлечни?
Верувале или не, жените се најзадоволни од самите себе и нивниот сексуален живот кога имаат 50 години, а еве и зошто.
Дури три четвртини од жените (76%) се чувствуваат посигурни во педесеттите години, отколку во 20-те години, покажува едно британско истражување. Една третина од 50-годишните жени се посреќни од било кога и секоја седма жена се чувствува попривлечна и посекси од било кога.
Истражувањето спроведено кај жените меѓу 40 и 74 години, покажува дека жените во педесеттите престанале да ги бројат калориите и се свртеле кон тренинзите, за да останат во форма, па 15 проценти од нив се чувствуваат среќни, бидејќи имаат повеќе енергија. До 45% се откажале од диетата, кога стапиле во 50-тите години, дури две третини од нив трошат помалку време и трошат помалку пари за козметички производи.
Сепак, овие жени научиле да го сакаат своето тело, а 55 проценти велат дека се задоволни со врската/бракот.