Бремена жена спасила полицаец кој бил застрелан повеќе пати од тинејџер
Шелби Флојд Бериос влегла помеѓу „огнот“ пред локалната продавница во Оринџ Парк, Флорида. Идната мајка изјавила дека во моментот кога истрчала од продавницата не знаела каде се наоѓа напаѓачот. Таа успеала да го контролира крварењето, додека да пристигне брзата помош.
Власите велат дека полицаецот бил застрелан од тинејџерот Томас Луис додека излегувал од продавницата, а Луис потоа се самоубил. 26-годишната мајка, работи како фризерка, но учи за да стане медицинска сестра вели дека кога ги слушнала истрелите морала да направи нешто. Доколку Шелби не интервенирала најверојатно полицаецот ќе искрварел до смрт додека да стигне амбулантното возило.
Името на полицаецот не е откриено, но властите изјавиле дека 18-годишниот Томас веќе имал досие во полицијата и неколку пати бил апсен поради поседување на наркотици. Причината за нападот се уште не е откриена.