Кожата на вратот секогаш ја издава возраста на жената, а со оваа маска ќе „прикриете“ најмалку 10 години
Ова е најдобрата домашна маска за вратот со која ќе добиете затегнат, тонизиран и убав врат. Само е потребно да ја нанесувате еднаш неделно.
Состојки
- зрела банана
- 1 белка
- 1 лажичка мед (7,5 g)
Подготовка
Подготовката е исклучително лесна: треба да добиете максимално мазна и хомогена смеса од зрела банана, белка и мед. Потоа нанесете ја смесата на претходно измиен врат и оставете ја да отстои 15 минути. Измијте ја маската со вода.