Вакви макарони со сигурност немате пробано. Експериментирајте во кујната и пригответе си десерт со кој ќе ги изненадите најблиските.

Состојки

  • макарони – 1 пакет
  • бадеми – сецкани – 150 г
  • шеќер во прав – 1 чаши
  • какао – 2 лажици
  • маскарпоне – 200 гр
  • црна чоколада – 1 бр. – 100 гр
  • јајца – 2 бр.

Сварете ги макароните. Потоа ставете ги во сад заедно со жолчките од јајце и какаото во прав. Мешајте со миксер се додека не добиете кремаста и светло кафеава смеса. Изматете ги со миксер јајцата и шеќерот во прав. Потоа ставете ги во садот со макароните и повторно мешајте добро. Посипете одозгора со сецкани бадеми. ставете ги во соодветна тава, во рерна загреана на 180 степени. Печете околу 25 минути. Извадете го колачот од рерната и оставете да се излади. Пред сервирање, истурете го со стопеното чоколадо.