Оваа улична библиотека во Бугарија ги поттикнува луѓето да читаат
„Рапана“ е првата улична библиотека во Варна, Бугарија создадена од тим млади архитекти и дизајнери. Денес, животот на младите луѓе е скоро целосно базиран околу дигиталната ера и ова ја намалува популарноста на книгите меѓу оваа генерација. Тим на архитекти и дизајнери (Јужџан Тургаев, Бојан Симеонов, Ибрим Асанов и Марија Алексиева) одлучија да направат сè што можат за делумно да го решат ова прашање со изградба на улична библиотека.
Варна е град кој се наоѓа на крајбрежјето и често се нарекува „Поморски главен град на Бугарија“. Ова е главната причина зошто избраната форма на концептот на библиотеката наликува на школка од морски полжав. Дизајнот е инспириран од природата и нејзините органски форми. Конструкцијата ги зема предвид најважните аспекти на идентитетот на градот – морето и неговата вредност за граѓаните на Варна. Апстрактната конструкција се шири од единствена фокусна точка и се развива во полукруг додека создава јавен простор и полици за поставување книги во исто време.
„Рапана“ е дизајнирана со користење на параметарски алатки за дизајн Rhinoceros 3D и Grasshopper, кои им овозможуваат на архитектите да пробуваат различни форми и варијации. Користејќи го софтверот, тимот тестирал над 20 варијации, менувајќи го бројот на вертикални и хоризонтални дрвени парчиња и нивната ширина и висина.
„Ние завршивме со финалниот дизајн, кој одговара на буџетот и концептот на отворена библиотека, обезбедувајќи лесен пристап за читателите, простории за седење, плус мала сцена за улични уметници и дневни сесии. Со користење на 3D алатки за изградба беше поделена на парчиња, кои се произведени со помош на CNC машина од 250 х 125 см дрвени плочи.“, вели Симеонов. Уличната библиотека е изградена со користење на 240 дрвени парчиња и полн капацитет на библиотеката е 1500 книги.